Модни грешки кои ги прават сите мажи, заради кои изгледаат несредено

Претерувате со модните додатоци

Многу мажи сакаат да ги комбинираат сите модни додатоци во еден изглед. Ова можат да бидат ракавици, часовник, капа, врска, колан или што било.

Но да имате добар стил значи да ги вклопите малите детали без да претерате. Па, одберете неколку модни додатоци кои ќе го нагласат вашиот изглед, а другите оставете ги за друг пат.

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-07.jpg

Секогаш купувате широки панталони

Фармерките се можеби најважното парче облека во вашиот гардеробер бидејќи можете да ги носите во речиси секоја прилика. Поради ова важно е да имате барем еден пар што му одговара на вашиот тип тело.

На пример, поголемите мажи би требало да пробаат фармерки со повисок струк, додека за послабите добри се и „обичните“ модели.

Не заборавајте дека ако сте премногу слаби или со прекумерна тежина, широките панталони нема да го скријат проблемот, туку само ќе го влошат. Овие фармерки изгледаат опуштено и не ги нагласуваат вашите карактеристики.

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-08.jg.jpg

Секогаш ви се гледа маицата

Целта на маиците е да ви ја заштитат кошулата од дамки и пот. Овие маици се долна облека, па не треба да се гледаат. Тие само ќе го нарушат вашиот изглед.

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-09.jpg

Ги закопчувате погрешните копчиња на сакото и палтото

Правилата за закопчување се навистина едноставни. Ако носите палто со едно копче, оставете го откопчано кога седите, а закопчано кога стоите. Доколку имате палто со две копчиња, закопчајте го само горното.

Кај палта со три копчиња, следете го правилото „некогаш, секогаш или никогаш“. Односно, закопчувајте ги второто и третото копче кога што сакате.

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-10.jpg

Купувате облека со слаб квалитет

Ако не сакате да потрошите мало богатство за да изгледате добро, одбирајте облека од природни материјали, како памук. Синтетичките материјали брзо ја губат формата и по само неколку перења ќе се оштетат.

Покрај тоа, облеката од полиестер може да изгледа премногу сјајно, што прави да изгледа поевтино.

modni-greshki-shto-gi-pravat-rechisi-site-mazhi-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...
Хали Бери без долна облека, Зендеја и уште една актерка во ист костум - Модата на Мет гала 2025 (фот... Зендeја, која скоро секоја година има една од највпечатливите креации, годинава ...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
Калтрина како Барби, мажите со храбри избори: Што облекоа гостите на Моден викенд Скопје? Од елеганцијата на фотографот Мартин Трајановски до црно-белата доминација со фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg