Весели со шарена гардероба

veseli-so-sarena-garderoba-povekjeМногу често во зима се носи црна облека. Црното е во ред; црното е „кул“. Но постојано да се носи црно и не е баш најдобра идеа. Да речеме голем број...

 

...мажи не сакаат кога жената е облечена постојано во црно.

Не ви е гајле за тоа? Во ред, но црната боја навистина изгледа, мрачно.

Со редовно носење на црна гардероба ги депримирате луѓето околу себе, а во крајна линија и себеси. Зимата ионака знае да биде тмурна; ќе се разведрите себеси и другите  ако барем понекогаш носите облека со јаки бои.

Еве некои предлози:

veseli-so-sarena-garderoba

Да речеме теракота, комбинација на ролка и џемпер кои и физички ќе ве загреат. Оваа боја им прилега и на бринети и на плавуши, па убаво ќе изгледа да речеме со каро пантолани.

Повеќе сакате студени бои? Нема проблем и светло син џемпер делува ведро, топол е како и сите други,а интересните детали би можеле да бидат во облик на поширока рол крагна, како и овде-онде темно сини и окер точки.

Ваквиот џемпер одлично изгледа со фармерки или тесна сукња. Секако во комбинација може да дојде и светло сина маица со цветен принт на градите. Таквата маица изгледа многу женствено.

Ако сакате нешто невообичаено, обидете се со жолтата боја (мешавина на жолто и кафено). Да речеме, јакна со патент и шал, направени од волна. Многу топло и удобно, а може да се комбинира со повеќе бои.

Можете да се обидете и со поморанџеста боја, која е многу весела боја; да речеме поморанџа маица со V изрез. Сигурно ќе ги расположите сите кои што ќе ве видат.

Сакате ексклузивен детал? Пробајте со црвен шал од кашмир и свила со долги реси. Убаво грее, а навечер може да се носи како наметка со свечен фустан.

Доколку сакате  нешто, навистина впечатливо, обидете се со спортска јакна со  „неон“ розева боја и поморанџасти рабови. Со тоа најдобро оди гардероба во црна, кафена или сива боја, бидејќи и контрастот е поголем. Нема шанси во таква облека да останете незабележани- па дури и во темница!

Би можело да ве интересира:

Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во но...
Седум парчиња што изгледаат одлично со тесни фармерки Широко сако, бејзбол капче, но и високи чизми – омилениот модел на милениумците ...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
8 предлог комбинации со плетено здолниште за есен и зима Долго плетено здолниште со UGG чизмички или, пак, плетено мини здолниште со широ...
Антониа во фустан пајажина, Кире Лазаров и Игор Џамбазов кежуал - Што облекоа гостите на 18-тиот род... Од Игор Џамбазов, Слаткар, Јован Јованов, до Светлана Црнокрак, Ивона Јо, Антони...
Новогодишни аутфити во кои може да одите и на работа и на денска забава (фото) Ако сакате урбани, а сепак дотерувачки аутфити, за на 31-ви од работа да одите д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg