Од маица - фустан и уште 5 трикови како од старата облека да направите нови парчиња

Колку пати сте стоеле пред полниот гардеробер мислејќи дека немате што да облечете? Оваа мака им е позната на сите жени.

od-maica-fustan-i-ushte-5-trikovi-kako-od-starata-obleka-da-napravite-novi-parchinja-01.jpg

Проблемот е што иако гардероберот ви е полн, внатре сигурно има безброј стари парчиња што не би ги облекле повторно. Ако сте како повеќето, веројатно не сакате да ја фрлате оваа облека со надеж дека некогаш ќе ви се најде за нешто. Сега дојде моментот и за тоа.

Со неколку едноставни трикови можете да ја претворите старата маица во фустан, здолниште или тренди маичка, а притоа не мора да знаете ништо за шиењето облека.

Во продолжение погледнете ги триковите со кои ќе ѝ даде втор живот на старата облека:

Фустан за на плажа од маица

Потребни материјали: Широка маица со кратки ракави, брош

Облечете ја блузата така што ќе ги протнете и рацете низ отворот за главата (како на фотографијата). Потоа спојте ги ракавите напред со помош на брош и вашиот фустан е готов.

odlichni-trikovi-so-koi-kje-i-dadete-vtor-zhivot-na-vashata-obleka-02.jpg

Нов модел од стара кошула

Потребни материјали: Голема кошула со долги ракави

Облечете ја кошулата и извадете ја едната рака. Извадениот ракав заврзете го со спротивниот раб на кошулата (како на фотографијата), а другиот раб ставете го во панталоните.

odlichni-trikovi-so-koi-kje-i-dadete-vtor-zhivot-na-vashata-obleka-03.jpg

Женствено здолниште од марама

Потребни материјали: Марама, брош и колан

Завиткајте ја марамата околу половината и едната страна направете ја подолга. Прицврстете ја марамата со брош и на крај ставете колан.

odlichni-trikovi-so-koi-kje-i-dadete-vtor-zhivot-na-vashata-obleka-04.jpg

Кроп-топ од обична маица

Потребни материјали: Маичка од подебел материјал, ножици

Исечете го задниот долен дел на блузата, малку пониско од градникот. Предниот дел исечете го на половина (како на фотографијата).

Потоа само облечете ја блузата и заврзете ги исечените делови на грбот.

odlichni-trikovi-so-koi-kje-i-dadete-vtor-zhivot-na-vashata-obleka-05.jpg

Градник за облека со гол грб

Потребни материјали: Градник, ластик, ножици, конец и игла

Исечете го задниот дел од градникот и на негово место зашијте три еластични црни ленти.

На овој начин градникот ќе изгледа како украс на облеката со гол грб.

odlichni-trikovi-so-koi-kje-i-dadete-vtor-zhivot-na-vashata-obleka-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg