LISCA советува: Откријте ги летните тајни за совршен костим за капење

Секоја жена сама по себе е тајна. Секоја крие по нешто во себе, мистериозен  поглед или пак занесна насмевка која никого не остава рамнодушен. И секоја знае по некоја тајна, а LISCA ја знае совршената тајна за сите жени кои што сакаат да изгледаат совршено во совршени костими за капење.

lisca-sovetuva-otkrijte-gi-letnite-tajni-za-sovrshen-kostim-za-kapenje-01.jpg

Бидејќи секој облик на тело не соодветствува со секој костим за капење, многу често жената се соочува со стресни моменти додека го бира нејзиниот совршен костим.

Овде е LISCA да ги открие тајните на совршените костими за капење за различните облици на женско тело, кои несомнено се совршени какви и да се. Време е за избор на совршен LISCA костим за капење што совршено може да го следи вашиот облик на тело и се полн погодок за подигнување на самодовербата.

Истакнете ја половината

Доколку имате рамна линија на тело и сакате да ја нагласите половината, можете да го направите тоа со комбинација на бои и модели. LISCA советува да одберете модели кај кои е особено изразена половината, а горниот и долниот дел на костимот за капење значително се разликуваат. Најголем впечаток може да постигнете со едноделните костими за капење.

lisca-sovetuva-otkrijte-gi-letnite-tajni-za-sovrshen-kostim-za-kapenje-02.png

Нагласете го деколтето

За да го нагласите деколтето и да предизвикате восхит на плажите, LISCA советува секогаш да одбирате горен дел на костимот за капење со push up ефект. Визуелно, градите ќе бидат поголеми и попривлечни во костими за капење кои  имаат набори, многу детали и впечатливи бои.

lisca-sovetuva-otkrijte-gi-letnite-tajni-za-sovrshen-kostim-za-kapenje-03.png

Издолжете ја линијата

За да ја издолжите линијата на вашето тело, LISCA советува да одберете едноделен костим за капење кој по средината или од страна има детал кој што ја продолжува и нагласува линијата. Тоа можат да бидат линии, еднобојни детали или цветни мотиви.  Вашето тело визуелно ќе се издолжи, а воедно ќе бидете елегантни во костимите за капење на LISCA.

lisca-sovetuva-otkrijte-gi-letnite-tajni-za-sovrshen-kostim-za-kapenje-04.png

Намалете ги широките раменици

Имате широки раменици? Во тој случај, LISCA советува да изберете модел кој што се врзува околу врат за да се добиете изглед на помали раменици, а за да биде впечатокот поголем, одберете горен дел од костимот за капење со push up ефект.

lisca-sovetuva-otkrijte-gi-letnite-tajni-za-sovrshen-kostim-za-kapenje-05.jpg

Ублажете ја триаголната градба

Доколку имате широки раменици, а вашите колкови се потесни, LISCA советува да одберете од костимите за капење кои што се врзуваат околу врат, со што ќе ја ублажат ширината на вашите раменици. Можете исто така да одберете модели кои што содржат детали кои го истакнуваат долниот дел на телото или половината. На пример, одберете модел со panty гаќички кои ќе ја прошират вашата фигура токму во пределот на колковите и визуелно ќе ја направат складна вашата линија.

lisca-sovetuva-otkrijte-gi-letnite-tajni-za-sovrshen-kostim-za-kapenje-07.jpg

Каде и да се појавите во LISCA костимите за капење ќе оставите оригинален печат и елеганција.

За повеќе информации, посетете ја официјалната страница на LISCA, https://www.lisca.mk/. Разгледајте ја целата колекција и пронајдете го вашиот совршен LISCA костим за капење по намалени цени.

Би можело да ве интересира:

Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
Како да носите реси ова лето (а да не изгледате како во 2016-та)? Едноделните костими за капење со реси на горниот дел се огромен хит, исто како и...
Како да ги носите летните слип фустани во зимски комбинации? Ако премногу ги сакате лесните слип фустани за да ги ставите под кревет, имаме п...
Вирално видео: ZARA има различни етикети кои откриваат каков е квалитетот – како да ги разликувате? Дали вие сте знаеле дека бојата на етикетите на облеката на ZARA откриваат каков...

Најчитани неделава