Вирално видео: ZARA има различни етикети кои откриваат каков е квалитетот – како да ги разликувате?

Дали вие сте знаеле дека бојата на етикетите на облеката на ZARA откриваат каков квалитет е секое парче? Се шири вирално видео во кое се открива како можете да ги разликувате.

viralno-video-zara-ima-razlichni-etiketi-koi-otkrivaat-kakov-e-kvalitetot-kako-da-gi-razlikuvate-01.jpg

На социјалните мрежи честопати се пишува за производите на ZARA, но и за триковите кои може да ви помогнат полесно да купувате и одбирате соодветни парчиња за вас.

Па така, пред неколку години се откри дека на етикетите има тајни симболи, кои наводно означуваат за каков тип на модел се работи – поширок, помал или нормален крој и големина.

Прочитајте повеќе: Трик кој вирално се шири: ZARA има тајни симболи за полесно бирање на соодветна големина – што означуваат?

viralno-video-zara-ima-razlichni-etiketi-koi-otkrivaat-kakov-e-kvalitetot-kako-da-gi-razlikuvate-02.jpg

Сега на Инстаграм вирално се шири видео од српски подкаст на тема која и претходно била актуелна на социјалните мрежи.

Односно, станува збор за бојата на етикетите на ZARA, кои откриваат каков е квалитетот на секое парче.

Во видеото се вели:

Ако видиш производ на ZARA со бела етикета и бели односно бледо сиви букви, треба да знаеш дека тоа е стандарден квалитет.

Ако видиш бела етикета со црни букви, тоа значи дека тој производ е со помал квалитет, па ако ви се допаѓа купете го, ако не, не мора.

Ако видиш црна етикета со бели букви, тоа е висок квалитет на изработка.

Ако видиш кафеава етикета со светли, но не бели букви, тоа е премиум колекција.

Дали вие знаете за уште некоја етикета?  

Погледнете го видеото:

Сепак, и покрај тоа што многумина го откриваат овој трик, не постои официјална потврда за ова, а многу вработени во ZARA во коментари пишуваат дека е мит.

Наводно, бојата на етикетите може да зависи од локацијата на производство или некои специфични колекции, но нема таен систем кој го открива квалитетот преку етикета.

Независно дали ќе го земете предвид како вистина овој дел со боите на етикетите, се препорачува сепак квалитетот да се проценува според составот и материјалите.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...
Како да изберете фармерки што ќе ви стојат добро (и како да ви траат подолго)? Ако фармерките имаат набори кај делот со патентот, тогаш не ви се точни, а ако к...
6 трикови со кои полесно ќе ги „преживеете“ неудобните чевли Бебешка пудра за чевлите да не ви испуштаат чуден звук од потење, апостолките за...
Матурантка од Струмица блесна во креација од Златко Јовановски со 2.500 монисти: „Сакаше корсет како... „Фустанот беше нарачан уште во јануари. Катерина ми кажа дека отсекогаш на ...
Стилски тајни на италијанските мажи заради кои изгледаат беспрекорно Секогаш имаат средени нокти, бираат облека по мерка, не одат во тренерки на кафе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg