Мажи, влакната се минато

mazi-vlaknata-se-minato-povekjeРамбо, Конан, Химен, Том Круз... оваа на изглед неспоива низа на познати фраери, има една заедничка работа – мазни гради. Факт е дека сè повеќе мажи...



...се одлучуваат „да се соголат“, односно да ги отстранат влакната од своето тело. Градите и пазувите се подрачја кои први „паѓаат како покосени“ а потоа по зачестеност на депилацијата следи грбот, препоните и нозете.

Вистинскиот балкански маж, а и по некоја жена сигурно со невера ќе се запраша: зошто да се депилираат?

mazi-vlaknata-se-minato

Прво, да отфрлиме една фама. Не, бричењето на телото не го измислил ни Дејвид Бекам ни Џастин Тимберлејк, ниту пак некој друг модно освестен тип од поновата генерација.

Депилирањето е забележано уште во античките култури: познато е дека од хигиенски причини старите Римјани ги депилирале пазувите, а Египќаните и Грците ги сметале мажите што немаат влакна посупериорни.

Денес некои мажи се одлучуваат на отстранување на влакната затоа што во полн сјај сакаат да ги покажат резултатите од бројните часови поминати во теретана, други од хигиенски причини, трети затоа што се занимаваат со спорт во кој влакната сметаат, четврти затоа што нивните девојки повеќе сакаат мазна машка кожа, пети затоа што сакаат влакнестите мажи да се разбегаат кога ќе се појават на плажа... причини има безброј.

И да не биде дека не сме знаеле, истражувањата покажувале дека мазното тело, односно отстранувањето на влакната, е подеднакво важно и за хетеро фраерите и за геј популацијата.

Оние што веќе имаат искуства со депилирањето знаат дека кожата и влакната кај мажите и жените се разликуваат. Затоа позајмувањето на креми за депилација од женскиот пол не е добра идеја. Сега и мажите можат да здивнат затоа што на пазарот има гел за депилација наменет исклучиво за мажи.

Ако сте подготвени да издржите малку болка или сакате да проверите како се чувствувал Мел Гибсон во филмот „Што сакаат жените“, испробајте ја машката верзија за депилација која дава подолготрајни резултати.

Би можело да ве интересира:

Модни формули за најпопуларните пролетни комбинации на Pinterest (со облека што веќе ја имате) Бели фармерки со тексас кошула или сив џемпер, во комбинација со црни мокасини и...
Модни комбинации со кои ќе постигнете тивок луксуз оваа есен – едноставен и скап изглед (фото) Ако сакате да изгледате скапо, а сепак едноставно и да зрачите луксуз во боите н...
Предлог комбинации со кафеава боја – безвременска класика што е идеална за зима (фото) Тешко е да направите модна утка  со кафеава боја бидејќи лесно се комбинира...
6 тренди комбинации за жени - може да ги носите во секоја пригода во пролет 2026 Без оглед дали се подготвувате за на концерт, гостинка сте на матурска прослава,...
Карираните кошули се враќаат во мода – трендсетерките ги носат на необичен начин (фото) Со маица под нив, врзани околу струк или фатени во јазол со гол стомак – како тр...
Александар Тарабунов - впечатлив, дамите во корсети и класични модели: Што облекоа гостите на Моден ... Сања Савеска и Марјана Станојковска се решија за класика - црни фустани, Агнеса ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg