Талентирана девојка од Скопје ги прави најфотогеничните чанти

Скролајќи по Инстаграм, сигурно сте виделе некоја од овие чантички кои изгледаат како симнати од модните писти низ светот, без да знаете дека се дело на наша, талентирана девојка од Скопје.

talentirana-devojka-od-skopje-gi-pravi-najfotogenicnite-canti-001.jpg

YANK е брендот под кој се потпишува Ивана Јанкова од Скопје, самостојна и талентирана девојка со вешти раце, која изработува чанти кои сраснуваат за женското срце.

Брендот почнува несвесно да се гради уште во 2016-та година, кога Ивана решава сама да ја изработи чантата во која се заљубува на излог, па оттука открива дека има пасија и талент да создава креатива за секоја девојка која сака да носи нешто уникатно, рачно изработено со многу внимание и љубов.

Чантите се целосно рачно изработени, со внимателно одбрани еколошки материјали, за нивна изработка се чека 2 до 3 недели, а може да имаат и гравура или посвета по желба – идеално доколку сакате да подарите нешто што зрачи со внимание.

Ивана вели дека усовршувањето на работата на машина како самоук талент не било лесно, барало секојдневно вежбање и неколку десетици неуспешни обиди, за конечно да се стигне до она што го посакувала - квалитетен, впечатлив моден додаток кој со задоволство ќе го носите секаде и секогаш.

Оттука почнуваат нивните фотосесии на разни локации, во разни амбиенти и различни делови од секојдневието...

И додека постои BASIC класика, како црна чанта со синџирче или црвена, голема чанта во која собира апсолутно сè...

Сепак вниманието ни го крадат шарените „бонбончиња“ кои се заштитен знак на брендот, изработени од уникатни материјали кои досега не сме ги виделе во облик на аксесоар.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Ивана од Скопје има стил инспириран од француската мода - чисти линии, пруги, пастелни бои и класика... „Едноставноста ми е секогаш водилка, но со неа сакам детали што носат карактер. ...
„Вечност“: Новата колекција на дизајнерката Стефанија Насеска, инспирирана од Златните маски од Треб... Дали има нешто поемотивно и повредно  од тоа да ‘копаш’ по сопствената исто...
Чанта од 20.000€, скапи дизајнерски парчиња - Колку чини облеката што ја носи Александра Пријовиќ? Гардеробата на Пријовиќ привлекува толкаво внимание, што на Инстаграм постои и п...

Најчитани неделава