Модни совети: Гвен Стефани

modni-soveti-gven-stefani-povekjeШто ни предлага Гвен Стефани за тековната сезона? Познатата блондинка ги откри своите „задолжителни“ модни парчиња. Освен што има...


...феноменален глас, оваа блондинка е една од највпечатливите пејачки/ актерки /дизајнери на светот.

Гвен Стефани е една од оние жени на кои им оди се од рака - изгради феноменална музичка кариера, се обиде со глума, има профитабилна модна марка и покрај сето тоа таа е и надобра мајка на светот!

Познатата веб страница WhoWhatWear ја замоли Гвен да им биде гостин уредник и на читателите да им ги открие своите „задолжителни“ модни парчиња за за оваа сезона.

Гвен секако на прво место ги ставила парчињата од својот бренд, па предлага високи платформи во беж боја од последната L.A.M.B. колекција кои совршено се сложуваат со L.A.M.B. торбичката.

modni-soveti-gven-stefani

Од накит оваа сезона таа е луда по nOir statement ланчињата и прстените, а ги комбинира со Vivienne Westwood фустан со популарен кариран изглед.

Кога се во прашање очилата за сонце, Гвен предлага vintage Persol модел 009 кој за жал повеќе не се произведува, но познатиот бренд и оваа сезона има неколку нови одлични модели.

Каков мејк ап предлага познатата блондинка? Со оглед дека црвениот кармин и е заштитен знак, за сезоната пролет/лето таа си набавила L'Oreal Infallible, нијанса Ravishing Red. За опуштање на сите им препорачува свеќи со мирис на ванила и кокос од Slatkin & Co.

Иако кај нас го нема овој бренд, можете да направите слични комбинации.

Би можело да ве интересира:

Модна инспирација: Како се облекуваат паровите кои од далеку изгледаат скапо? (фото) Ако сакате од далеку да делувате како пар кој е вљубеник во модата, тивкиот лукс...
Синди Крафорд и ќерка ѝ гламурозни, Деми Мур во проѕирен фустан – Гала вечер со највпечатливи креаци... Каја Гербер повторно покажа дека е убавица на мајка ѝ и двете зрачеа, Деми Мур н...
Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025: Што облекоа посетителите? Како и првата вечер, црната боја беше фаворит кај гостите на Shtip Fashion Days ...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
Нашиот Андреј Пајмакоски издоминира во модното списание High Voltage Еден од нашите најдобри машки модели кои работат интернационално, се најде во но...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg