Огромни чанти, миди здолништа – Најчестите модни грешки што ги прават пониските девојки и жени

Ако сте девојка со потпросечна висина, веројатно одвреме-навреме сакате да изгледате визуелно повисоки. Иако нема ништо лош во тоа да бидете пониски, изгледа сите копнееме по она што го немаме – високите девојки сакаат да бидат пониски, оние со виткана коса сакаат права, оние родени со темна коса сакаат светла

ogromni-chanti-midi-zdolnishta-najchestite-modni-greshki-shto-gi-pravat-poniskite-devojki-i-zheni-01.jpg

Па, ако сте пониска девојка и не сакате да го нагласите тоа, постојат некои грешки при изборот на облека на кои би требало да обрнете внимание.

Погледнете за кои станува збор:

Носите миди здолништа

Миди здолништата ги прават нозете визуелно пократки, а со тоа можат да направат да изгледате пониско. На пониските девојки најдобро им стојат мини здолништата кои им ги истакнуваат нозете.

Ако сепак сакате да облечете миди здолниште, најдобро одбирајте асиметрични модели. Исто така, добро би ви стоеле и таканаречените молив здолништа со висок струк.

ogromni-chanti-midi-zdolnishta-najchestite-modi-greshki-shto-gi-pravat-poniskite-devojki-i-zheni-02.jpg

Носите облека со хоризонтални риги

Ако сакате да ја издолжите вашата фигура, наместо со хоризонтални, купувајте облека со вертикални риги. Овој дезен ќе изгледа одлично на фустани, а уште подобро на панталони бидејќи визуелно ќе ви ги издолжи нозете.

Не заборавајте дека некогаш е важна и дебелината на ригите – ако се премногу широки можат да направат да изгледате пошироко.

ogromni-chanti-midi-zdolnishta-najchestite-modi-greshki-shto-gi-pravat-poniskite-devojki-i-zheni-03.jpg

Купувате облека со огромни принтови

Ако сакате да носите облека со принтови, најдобро избегнувајте ги премногу големите, впечатливи принтови. На вашата висина многу подобро ќе изгледаат посуптилни детали. Според некои модни експерти, најдобро е да купувате облека чии принтови не се поголеми од вашата тупаница.

ogromni-chanti-midi-zdolnishta-najchestite-modi-greshki-shto-gi-pravat-poniskite-devojki-i-zheni-04.jpg

Носите многу долги сакоа

Долгото сако ќе покрие дел од вашите нозе и може да направи да изгледате пониско.

Ако сте ниска девојка, многу подобро ќе ви стојат пократките сакоа, со должина до колковите, па дури и половината. Истовремено, најдобро е да купувате струкирани модели.

ogromni-chanti-midi-zdolnishta-najchestite-modi-greshki-shto-gi-pravat-poniskite-devojki-i-zheni-05.jpg

Уште пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...
7 парчиња облека и аксесоари поради кои телото ви изгледа непропорционално (и треба да ги избегнуват... Фустан што ја отцртува линијата на телото: Ваквите фустани го нагласуваат секој ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg