Еден омилен стилски трик од славните дами (кој ќе ви помогне да изгледате како модна икона)
Нема да погрешите со долги, широки панталони
Викторија Бекам скоро секогаш носи широки панталони кои се долги до земјата.
Слично како моделите што ги сака Кејт Мидлтон, и овие панталони ја издолжуваат фигурата и ја нагласуваат половината.
Дајте им предност на „ѕвонарките“ и фармерките со прав крој
Овие фармерки се популарни со причина – лесно се вклопуваат во секоја лежерна комбинација и им стојат добро на сите.
Модните додатоци прават голема разлика
Рис Витерспун многу добро знае како да ја освежи и наједноставната комбинација – со впечатлив моден додаток.
Не плашете се да експериментирате со модните додатоци како големи чанти со дречливи бои или интересен пар чевли.
Истакнете ги облините
Ким е експерт кога станува збор за комбинации што ги истакнуваат облините и ги прекриваат сите недостатоци.
Ако одбирате парчиња што ги нагласуваат вашите најдобри адути, секогаш ќе изгледате одлично.
Вложете во квалитетни чевли
За разлика од другите јавни и познати личности, Кејт Мидлтон без проблем носи исти чевли со години.
Наместо да купите неколку евтини, вложете во 1-2 квалитетни пара чевли кои ќе ви траат долго. Нормално, осигурете се дека ќе можете да ги комбинирате со повеќето парчиња облека од вашиот гардеробер.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





