Еден омилен стилски трик од славните дами (кој ќе ви помогне да изгледате како модна икона)

Викторија Бекам ги обожава долгите широки панталони кои ја нагласуваат половината и ги издолжуваат нозете, па речиси секогаш носи ваков модел.

10-stilski-trikovi-na-poznatite-zheni-shto-lesno-mozhete-da-gi-kopirate-01.jpg

Во секојдневието, а некогаш и на црвениот тепих, познатите актерки и пејачки не трошат време со стилисти, па имаме можност да видиме како изгледа нивниот личен стил.

Како и секоја жена, и тие сакаат да изгледаат беспрекорно, па одбираат облека за којашто се сигурни дека им стои добро.

Во продолжение 10 стилски трикови на познатите жени:

Слободно вметнувате ја вашата омилена боја во секоја комбинација

Повеќе од очигледно е дека омилената боја на Џулиен Мур е зелената. Во повеќето модни комбинации, актерката мора да има барем еден зелен детаљ. Неретко, зелената е бојата што доминира во нејзините аутфити.

Па, за навистина уникатен стил, слободно вметнувате ја вашата омилена боја во скоро секоја комбинација.

10-stilski-trikovi-na-poznatite-zheni-shto-lesno-mozhete-da-gi-kopirate-02.jpg

Широките панталони се секогаш добар избор

Широките, елегантни панталони ѝ стојат добро на секоја девојка и жена. Моделите со висок струк ја истакнуваат половината и ги издолжуваат нозете, а притоа се лесни за комбинирање.

10-stilski-trikovi-na-poznatite-zheni-shto-lesno-mozhete-da-gi-kopirate-03.jpg

Познатите жени ја скратуваат фризурата барем недела-две пред важен настан

Веројатно сте забележале дека веднаш откако ќе излезете од фризерски салон, не сте баш најзадоволни од новата фризура, туку почнува да ви се допаѓа неколку денови или недели подоцна.

Ова непишано правило им е добро познато на славните жени, па тие ја скратуваат косата барем недела-две пред важен настан.

10-stilski-trikovi-na-poznatite-zheni-shto-lesno-mozhete-da-gi-kopirate-04.jpg

Нема простор за грешка со минималистичка комбинација

Никогаш нема да погрешите со минималистичка комбинација. Некогаш доволни ви се само 2-3 еднобојни парчиња за да направите совршена комбинација.

Покрај тоа, ако негувате ваков стил и купувате минималистичка облека, ќе можете да ги комбинирате скоро сите парчиња едни со други.

10-stilski-trikovi-na-poznatite-zheni-shto-lesno-mozhete-da-gi-kopirate-05.jpg

„Авијаторските“ очила им стојат добро на сите

Џенифер Анистон често ги носи овие очила не само за заштита од сонце, туку и само како моден детаљ.

А, со причина го избрала овој модел – „авијаторските“ очила се секогаш во мода и изгледаат добро на секакво лице.

10-stilski-trikovi-na-poznatite-zheni-shto-lesno-mozhete-da-gi-kopirate-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...
6 тренди модели на панталони, идеални за пролетни комбинации Панталони со риги, широки панталони со кралско сина нијанса, но и хеланки – неко...
Осум тренди парчиња што ви се доволни за да го поминете целото лето Ленените панталони се задолжително летно парче, исто како и едноставната еднобој...
5 модни комбинации кои се удобни за патување, а изгледаат стилски Ленен комплет со тренди влечки или кратки панталони и маичка – и во удобна облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg