Сатенските Барби штикли на платформа се хит и кај Србинките – чинат 1.100 евра (фото)

Сатенските чевли со висока потпетица и двојна платформа на Versace се вистински хит сезонава. Голем број светски и регионални ѕвезди побрзаа да објават фотографии со нив – Бијонсе, Аријана Гранде, Бела Хадид, но и Јелена Карлеуша и Тамара Калиниќ.

satenskite-barbi-chevli-od-1-090-evra-gi-osvoija-svetskite-i-regionalnite-dzvezdi-i-influenserki-01.jpg

Постпандемиските модели на чевли и натаму многу повеќе се сконцентрирани на удобноста и на комфорот, а ова се главни одлики и на моделот на чевли што стекна светска популарност, иако на прв поглед не изгледа така.

Модната куќа Versace минатата година го претстави моделот чевли Medusa Aevitas кои се препознатливи по дебелата потпетица, двојната платформа и предниот дел во облик на квадрат.

Овие чевли ги освоија светски познатите ѕвезди, но и модните инфлуенсерки, како во светот, така и во нашиот регион.

satenskite-barbi-chevli-od-1-090-evra-gi-osvoija-svetskite-i-regionalnite-dzvezdi-i-influenserki-02.jpg

Чевлите се продаваат по цена од 1.090 евра, а забележително е дека имаат платформа на два ката, високи се 15 cm и изработени се од сатен во впечатливи бои и нијанси.

Можеби големиот интерес се должи и на тоа што неодоливо потсетуваат на Барби чевличките.

Штиклите може да се најдат во розова, виолетова, жолта, зелена и црвена нијанса, а особено забележлив е тенкиот ремен околу зглобот кој има мали светкави детали.

Меѓу првите познати дами што се фотографираа во овој модел чевли беше поп-иконата Бијонсе, а по неа следеа и голем број други светски и регионални ѕвезди и инфлуенсерки.

Погледнете дел од нив:

Јелена Карлеуша

Тамара Калиниќ

Дуња Јованиќ

Аријана Гранде

Бијонсе

Кјара Ферањи

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Ретро летен тренд: Марама врзана на главата, како Џеј Ло и Бијонсе во 2000-тите (фото) Летово се врати уште еден тренд од раните 2000-ти – марами врзани на горниот дел...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...

Најчитани неделава