„Зимски волнени фустани... со кратки ракави“: Парчиња облека што жените најмногу ги мразат

„Сите блузи во продавниците се кроп-топ. Не можам да најдам нормална блуза!“

pantaloni-bez-dzhebovi-ili-polosho-so-lazhni-dzhebovi-parchinja-obleka-shto-zhenite-najmnogu-gi-mrazat-01.jpg

Иако жените имаат огромен избор за облека, кога станува збор за удобноста, многу од нив се согласуваат дека е целосно занемарена.

Продавниците за облека се преполни со тренди парчиња кои изгледаат одлично, но голем дел од нив можат да послужат само за фотографирање бидејќи во реалноста не се воопшто удобни.

Истото важи и за облека која донекаде е „задолжителна“ за жените, како градници.

Во продолжение изјавите на жени и девојки кои решиле да ја споделат нивната фрустрација за женската облека:

„Воопшто не ги мразам, но сите блузи во продавниците се кроп-топ. Не можам да најдам нормална блуза!“

„Го мразам лошиот квалитет на облеката во повеќето продавници“.

„Панталони, здолништа и фустани без џебови. Или, уште полошо, со лажни џебови“.

pantaloni-bez-dzhebovi-ili-polosho-so-lazhni-dzhebovi-parchinja-obleka-shto-zhenite-najmnogu-gi-mrazat-02.jpg

„Штикли со шпиц. Стапалата немаат таква форма!“

„Облека со исечоци што го прават носењето градник невозможно“.

„Многу мразам кога ќе најдам маичка со одличен крој, но напред има огромен принт со ужасен натпис како 'Live, laugh, love'“.

pantaloni-bez-dzhebovi-ili-polosho-so-lazhni-dzhebovi-parchinja-obleka-shto-zhenite-najmnogu-gi-mrazat-03.jpg

„Генерално, сите маички на кратки ракави за жени. Тесни се, имаат чудни ракави и јаки… Никогаш не сум се чувствувала удобно вo нив“.

„Многу женски парчиња само изгледаат убаво, а не се удобни и не дозволуваат ни да се движиш нормално“.

„Розовата спортска облека за жени. Ме нервира претпоставката дека сакам розова облека само затоа што сум женско“.

pantaloni-bez-dzhebovi-ili-polosho-so-lazhni-dzhebovi-parchinja-obleka-shto-zhenite-najmnogu-gi-mrazat-04.jpg

„Мразам фустани без рамки. Имам мали гради, па постојано ми паѓаат. Навистина жалам секојпат кога ќе видам убав фустан, но не можам да го купам бидејќи нема рамки“.

„Многу ја мразам облеката од полиестер. Ужасен материјал – не ѝ дозволува на кожата да дише и секогаш ќе ви биде топло“.

„Чизми до колената. Навистина сакам да ги носам, но стандардните модели се претесни за моите мускулести листови, а не можам да си дозволам да доплатам за да ми ги преправаат“.

pantaloni-bez-dzhebovi-ili-polosho-so-lazhni-dzhebovi-parchinja-obleka-shto-zhenite-najmnogu-gi-mrazat-05.jpg

„Градници без прерамки. Или постојано паѓаат или се многу неудобни“.

„Комбинезони. Мразам да сум гола кога треба да одам во тоалет“.

„Во повеќето продавници облеката е премногу разголена и не можеш да ја носиш на училиште или на работа. На пример, ќе видам убава маичка во продавница, а кога ќе ја свртам сфаќам дека има гол грб. Навистина е тешко да се најде скромна облека која не е старомодна“.

pantaloni-bez-dzhebovi-ili-polosho-so-lazhni-dzhebovi-parchinja-obleka-shto-zhenite-najmnogu-gi-mrazat-06.jpg

„Долна облека со чипка. Никогаш не изгледа добро под облеката, ме чеша, а ако е убав модел, тогаш е многу скап“.

„Волнени зимски фустани… со кратки ракави“.

„Малите чизмички со отворени прсти“.

pantaloni-bez-dzhebovi-ili-polosho-so-lazhni-dzhebovi-parchinja-obleka-shto-zhenite-najmnogu-gi-mrazat-07.jpg

Дали вие мразите некое женско парче облека?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Розови нијанси, диско естетика: 7 клучни машки модни трендови за лето 2022 година Машката мода веќе одамна не е здодевна, а границите се поместуваат од година во ...
Како стојат истите модни парчиња на слаба девојка vs. на девојка со облини (фото) Тие изгледаат сосема поинаку, но изгледаат подеднакво привлечно во истите модни ...
Мала висина, „лоши“ нозе: Докази како облеката може да ви ги сокрие (или истакне) маните на телото Широк струк, мали гради, широки раменици се дел од работите кои славните дами ус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg