Трикови со кои ќе го подобрите модниот стил, без да трошите пари на нова облека

Минималистичката комбинација ќе изгледа многу подобро ако вметнете едно парче со принт или различна текстура.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-01.jpg

Ако сакате да го освежите и подобрите вашиот стил, нема потреба да купувате нова облека. Доволно е само да го промените начинот на којшто ги комбинирате парчињата што веќе ги имате во гардероберот.

Неколку совети што ќе ви помогнат во тоа:

Комбинирајте текстури и принтови

Вашата комбинација ќе изгледа многу подобро ако имате едно парче со принт или поразлична текстура. Ова парче нека биде „основата“ на комбинацијата, а потоа дополнете го со поедноставна и еднобојна облека.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-02.jpg

Носете неутрални бои

Со неутралните бои нема многу простор за грешка, додека комбинирањето на поживи бои може да биде ризично. 

Парчињата со бела, сива или црна боја лесно се комбинираат со сè и секогаш изгледаат стилски.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-03.jpg

Носете подолги здолништа и фустани

Во гардероберот сигурно имате здолниште или фустан со должина до колената, па искористете го максимално.

Овие парчиња се одлични и за деловни, и за лежерни комбинации.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-04.jpg

Преправeте ја облеката што ја имате

Веројатно имате неколку парчиња облека што ви се малку широки.

Овие парчиња ќе ви стојат многу подобро и ќе изгледаат многу полуксузно ако ги однесете на шивач кој ќе им ја среди големината.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-05.jpg

Обрнете внимание на пропорциите

Во овој случај имајте на ум вашето тело да не биде поделено на еднакви делови.

Ако, на пример, носите здолниште и кошула, здолништето нека зафаќа поголем дел од телото, односно нека биде до колената.

kako-da-go-podobrite-i-osvezhite-vashiot-stil-bez-da-kupuvate-nova-obleka-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 модни тајни на Французинките со кои изгледаат стилски, дури и во зима со куп облека Носат капут со поголем број,  не се откажуваат од белите панталони и во зим...
Mодели на чевли кои изгледаат одлично на Инстаграм, но не се практични во реалноста Легендарните штикли со црвен ѓон на Louboutin се едни од најпосакуваните и денес...
Розови нијанси, диско естетика: 7 клучни машки модни трендови за лето 2022 година Машката мода веќе одамна не е здодевна, а границите се поместуваат од година во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg