8 модни тајни од Италијанците, кои секој модерен маж треба да ги знае (за да изгледа како господин)

Најчесто ограниченоста во палетата на бои дава одлични резултати

Италијанскиот стил е толку карактеристичен и тие тешко отскокнуваат од нивната комфорна зона. Тие преферираат пригушени песочни нијанси, со бледо-сини кошули и сиви вратоврски.

Покрај формалноста на вратоврската, Италијанците оставаат лежерен впечаток, благодарение на голите глуждови, ленените панталони и кафените чевли.

Retro-ochila-meshana-tekstura-tajnite-na-italijanskiot-glamur-koi-sekoj-moderen-mazh-treba-da-gi znae 06 630x380.jpg

Ретро очилата се секогаш правиот избор

Доколку ја посетите Италија веднаш ќе заклучите дека навистина е тешко да се најде човек кој не носи очила за сонце. Дури кога времето е облачно или пак надвор е ноќ – вистинскиот Италијанец нема да го напушти својот дом без пар соодветни очила за сонце. 

Италијанците имаат „супермоќ“ за правилен избор на нивните очила. Нивната тајна е автентичноста, односно преферирањето на ретро-елементите.

Без разлика дали станува збор за нови очила, тие ќе направат сѐ што е во нивен домен, истите да изгледаат како да настанале во 1970-ите.

Retro-ochila-meshana-tekstura-tajnite-na-italijanskiot-glamur-koi-sekoj-moderen-mazh-treba-da-gi znae 07 630x380.jpg

Без проблем покажете ја вашата смелост

На Италијанците воопшто не им е грижа што другите зборуваат за нив, така што обично можете да ги видите како шетаат по улица во светло розова маица, а тој сепак ќе зрачи од самодоверба и модернизам. Всушност, во Италија не постојат машки и женски бои.

Клучот е да изберете една малку посмела нијанса и да ја споите со повеќе стандардни бои,  за работите да не излезат од контрола. На овој начин лесно ќе го постигнете бараниот италијански „шмек“.

Retro-ochila-meshana-tekstura-tajnite-na-italijanskiot-glamur-koi-sekoj-moderen-mazh-treba-da-gi znae 08 630x380.jpg

Мешање на текстурата

Ако има нешто што овие мажи навистина го знаат, тоа е дека деталите се клучни.

Затоа, наместо да носи еднобојна кошула и еднобојно сако, Италијанецот ќе изигра на следниот начин: ленена кошула, морнарски блејзер, панталони од кашмир и волнен капут.

Контрастот во текстурата и совршеното мешање се всушност клучот за успешна и убава комбинација.

Retro-ochila-meshana-tekstura-tajnite-na-italijanskiot-glamur-koi-sekoj-moderen-mazh-treba-da-gi znae 09 630x380.jpg

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни комбинации со панталони што ѝ одговараат на секоја жена - Како да ги носите оваа есен? Со доаѓањето на есента, дождот и студеното време, лесните фустани ги заменуваме ...

Најчитани неделава