8 модни тајни од Италијанците, кои секој модерен маж треба да ги знае (за да изгледа како господин)

Кога станува збор за модата, нескромно и одговорно на пиедесталот се издвојува кој ако не – италијанскиот свет на гламурот. Со самото спомнување на имињата Булгари, Дизел, Долче и Габана, Гас, Гучи, Версаче, Валентино, Прада и навистина многу други, излишно е да се објаснува зошто Италија е број еден кога станува збор за модата во светот.

Retro-ochila-meshana-tekstura-tajnite-na-italijanskiot-glamur-koi-sekoj-moderen-mazh-treba-da-gi znae 01 630x330.jpg

Но, што е она што мажите во Италија ги прави толку посебни?! Тие би рекле: „Едноставно, тоа е во нашата ДНК. Таков е начинот на кој сакаме да се покажеме.“

Италијанците надалеку се познати по нивниот начин на уживање во животот и постојаната грижа за својот изглед.

Овојпат за вас решивме да дознаеме што е тоа што ги прави италијанските момци толку посебни и кој е нивниот рецепт за совршен изглед, кон кој непрекинато се придржуваат. 

Модните тајни на Италијанците:

Ленено сако, палто и панталони се секогаш моден погодок

Постојат многу парадокси во италијанскиот машки стил, а еден од најголемите е всушност идејата дека носењето костум е секогаш инспирирано од желбата да изгледате „паметно“. Постојат моменти кога формалноста сепак не е приоритет, а сакате да изгледате средено.

Ова е причината зошто памучните и ленените јакни и палта кои ретко се среќаваат во традиционалното британско кроење, се толку голем дел од италијанскиот стил, секако во зависност од климатските услови. 

Наспроти конзервативното и деловно „клише“, тие изгледаат неспорно „кул“. Ленениот крој остава прилично опуштен впечаток во очите на луѓето околу вас.

Retro-ochila-meshana-tekstura-tajnite-na-italijanskiot-glamur-koi-sekoj-moderen-mazh-treba-da-gi znae 02 630x380.jpg

Внимавајте на должината на панталоните

Мажот не треба да има огромен гардеробер, нему му треба само вистинската облека. Една од најголемите грешки кај машката популација е токму должината на нивните панталони.

Навистина ретко е тие да биле во совршена должина првиот пат кога сте ги пробале, колку и да мислите дека тоа е така. Постојат различни правила што важат во зависност од настанот и поводот за кој ќе бидете облечени.

Она што останува како суштина е класичниот крој на панталоните и правилото што треба да го почитувате. Традиционалните упатства диктираат единствена линија на прекршување над чевелот од предната страна, додека на задната страна ногавицата мора да биде исправена и мора да достигне точно до линијата на петицата или малку погоре.

Со текот на времето кројот на панталоните драстично се менуваше и тие стануваа сѐ потесни и потесни, особено на самото дно околу глуждовите, па доведе до тоа материјалот природно да се прекрши над чевелот.

Retro-ochila-meshana-tekstura-tajnite-na-italijanskiot-glamur-koi-sekoj-moderen-mazh-treba-da-gi znae 03 630x380.jpg

Дајте му шанса на спортскиот часовник и правилно искомбинирајте го

За разлика од порано, денес спортските часовници ја надминаа својата примарна намена.

Благодарение на нивната функционалност и лесното прилагодување кон различните стилови, за брзо време тие станаа секојдневие и ги среќаваме како во деловните прилики, така и во поопуштените варијанти.

Обидете се да го усогласите вашиот часовник со шемата на бои на облеката. На пример, темнозелениот часовник е одличен во комбинација со земјените тонови како што се беж, кафената и зелената боја. 

Обидете се да не преоптоварувате со иста боја, особено ако вашиот избор е живописната палета, како жолтата или црвената боја.

Retro-ochila-meshana-tekstura-tajnite-na-italijanskiot-glamur-koi-sekoj-moderen-mazh-treba-da-gi znae 04 630x380.jpg

Освежете го вашиот ормар со парче „работничка“ облека

Италијанците генерално не претпочитаат целосен „работнички“ изглед, но имаат способност да воведат елементи од истата облеката на начин што таа изгледа целосно кохерентно.

Ефектот е интересен и зазема внимание, а една од причините за ова е хармоничната комбинација на боите - особено мешавината од маслинесто зелена и бела боја.

Retro-ochila-meshana-tekstura-tajnite-na-italijanskiot-glamur-koi-sekoj-moderen-mazh-treba-da-gi_znae_05_630x380 (2).jpg

Уште 4 модни трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нежно жолта е бојата на лето 2023 Оваа нијанса на жолта боја е свежа и неутрална, но не е нападна... Таа е идеален...
„Машки“ панталони, кошули и јакни – Младите трендсетерки сè почесто негуваат андрогин стил (фото) Машките парчиња облека, како широки панталони и големи јакни, повеќе не се само ...
Ретро модна инспирација: Филмски хероини чиј стил ќе ве инспирира ова лето Од интересните шапки и очила на Одри Хепберн во филмот „Paris When It Sizzles“, ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg