Фото-докази од познати дами дека погрешните чевли можат да ја уништат и најубавата модна комбинација
Чевлите со впечатлива боја се одличен начин да ја освежите комбинацијата, но сигурно нема да изгледаат добро ако носите други впечатливи парчиња, како фустан со дезен.

Неретко не обрнуваме многу внимание на чевлите кога се подготвуваме за излегување, но овој мал детаљ може да го промени (и уништи) изгледот на целата комбинација.
Неколку фото-споредби од познатите дами кои одлично го покажуваат ова:
Чизмите на левата фотографија прават нозете на Салма Хајек да изгледаат многу пошироки, па ја уништуваат инаку интересната комбинација. Од друга страна, класичните штикли ѝ стојат одлично.

Сандалите со впечатлив дезен не изгледаат добро во комбинација со црното фустанче на Шарлиз Терон, додека едноставните црни сандали одлично ја дополнуваат комбинацијата на фотографијата десно.

Чизмичките на Сандра Булок на левата фотографија не изгледаат воопшто добро со комбинацијата. Класичните штикли на десната фотографија многу добро се вклопуваат со впечатливата комбинација.

Златните детали ја уништуваат елегантната комбинација на Кејт Мидлтон на левата фотографија. Чевлите со платформа на десната фотографија се одличен избор за лежерната комбинација.

Комбинациите од чизми и долги фустани или здолништа можат да изгледаат одлично, но моделот што го избрала Ема Стоун изгледа многу подобро со комбинацијата лево.

Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе...
„Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026
Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
Урбани дами, кул девојки: Уличната мода во Скопје во лето 2025, низ папарацо фотки на Инстаграм проф...
Од дами облечени во тон со својот цветен велосипед до млади и урбани девојки со ...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026
Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Омилените модни парчиња на Скандинавките за студените месеци
Бомбер јакните се идеални за есен, додека дебелото сако со широк крој може да ви...
Шест модни грешки со кои си додавате килограми (а не ни забележувате)
Нагласувате погрешни делови од телото и погрешно ги комбинирате чевлите.
Нагл...