Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате?

Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно патување, генерално доволно ви се три блузи или кошули, два пара панталони и два пара чевли – еден елегантен и еден удобен пар.

praktichen-vodich-za-delovni-patuvanja-shto-da-ponesete-i-kako-da-se-spakuvate-01.jpg

Пакувањето за деловно патување секогаш се разликува од она за на одмор.

Обично за деловните патувања немате многу време за планирање, па важно е да бидете брзи и ефикасни.

Во продолжение, неколку совети што ќе ви бидат од помош:

Понесете мал куфер, како рачен багаж

Малиот куфер може да биде сосема доволен за патување до пет дена.

Па, ако често одите на деловни патувања, вреди да си купите еден.

На деловните патувања треба да оставите впечаток на професионалност и ефикасност, па не е препорачливо да одите со огромен куфер како за на одмор.

praktichen-vodich-za-delovni-patuvanja-shto-da-ponesete-i-kako-da-se-spakuvate-02.jpg

Купете катанец за куферот

Кога одите на деловно патување, веројатно со вас имате лаптоп и други вредни работи.

Затоа треба да обрнете посебно внимание на безбедноста.

praktichen-vodich-za-delovni-patuvanja-shto-da-ponesete-i-kako-da-se-spakuvate-05.jpg

Немојте да носите многу продукти за убавина

Нема потреба да носите цел куп продукти за убавина. Не заборавајте и дека во хотелите секогаш има некои продукти, како шампони.

Доволно е да спакувате паста и четка за заби, антиперспирант, крем и средство за чистење лице и парфем.

Од шминки, понесете го само неопходното, како пудра, маскара и кармин.

praktichen-vodich-za-delovni-patuvanja-shto-da-ponesete-i-kako-da-se-spakuvate-03.jpg

Што да спакувате од облека?

Во овој случај важно е и колку трае патувањето. Истовремено, потрудете се да спакувате облека во која се чувствувате удобно.

Во продолжение, облека што ќе ви биде доволна за тридневно патување:

  • Три блузи или кошули – две за формални настани и една за лежерна комбинација, во случај да имате време за шетање
  • Два пара панталони или здолништа – еден пар за формални настани и еден за лежерна комбинација
  • Еден фустан – најдобро е да спакувате едноставен фустан кој можете да го носите и на деловен настан, и на прошетка
  • Еден блејзер – спакувајте модел што ќе можете да го комбинирате со останатата облека
  • Три пара чорапи и долна облека
  • Пижами
  • Два пара чевли – еден пар елегантни, како штикли, за формални настани, и пар ниски, удобни чевли

praktichen-vodich-za-delovni-patuvanja-shto-da-ponesete-i-kako-da-se-spakuvate-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Корисни трикови како да трошите помалку пари на патувањата (и повеќе да патувате) Tрик 1: Наместо да патувате во ек на сезона, одберете некој помирен период ...
Чистење на чевли, возење со такси: Кои се најголемите туристички замки во Истанбул? Живеам во Истанбул веќе некој период и ќе ви раскажам за неколку туристички замк...
Села, водопади, манастири: Локации низ Македонија кои за мене се совршен избор за викенд прошетки Во овие зимски денови со нетрпение чекаме да дојде петок, да се оконча работната...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...
9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg