11 работи што мора да ги видите во Египет (покрај пирамидите)

Музејот на Египет во Каиро

Сето богатство на фараонскиот свет ќе го најдете во Музејот на Египет во Каиро.

Овој огромен музеј не можете да го разгледате во само еден ден, но сè што ќе видите е вистинско богатство и дава увид во древната уметност и историја на Египет.

Сепак, најимпресивна е колекцијата на златни богатства пронајдени во гробницата на Тутанкамон во Долината на кралевите.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-11.jpg

Белата пустина

Најубавото природно чудо во Египет е Националниот парк Бела пустина, кој се наоѓа јужно од оазата Бахарија.

Тука доминираат бели карпи со заоблен врв, кои делуваат како санти мраз да се заглавиле среде песок.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-03.jpg

Александрија

Градот Александрија има неверојатна историја.

Основан е од Александар Велики, а познат е и градот кој бил дом на Клеопатра.

Денес, тука може да се видат само малку историски остатоци од неговото славно минато.

Еден од нив е долгиот крајбрежен пат Корниш кој води до тврдината на Александрија, а каде што некогаш се наоѓал познатиот антички светилник во градот.

Големо внимание привлекуваат и музеите на Александрија, но и модерната библиотека Александрина, која е современа интерпретација на познатата античка библиотека во градот.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-12.jpg

Храмот на Озирис

Храмот на Озирис во Абидос е едно од најфасцинантните уметнички богатства на стариот Египет.

Храмот е составен од повеќе делови. Почнал да го гради Сети I и тука се во тек големи археолошките ископувања.

Иако посетителите може да видат разни остатоци од храмот, повеќето го посетуваат ова место поради Храмот на Озирис.

Големите сали, украсени со огромни столбови, се дом на некои од најдобрите релјефни дела во Египет – со различни сцени кои ги прикажуваат фараонот и боговите на стариот Египет.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-02.jpg

Оазата Сива

Изолирана во западниот дел на Западната пустина, оазата Сива е место кое е вистинска спротивност на египетските градови полни со метеж, сообраќај и врева.

Оваа прекрасна мала оаза е опкружена со плантажи со урми и бројни природни извори на топла вода.

Тоа е и едно од најживописните места во Западната пустина.

Градот Сива се наоѓа под урнатините на огромна тврдина, позната како Тврдината Шали.

Тука се наоѓа и Храмот на пророштвата во кој се верува дека дошол и Александар Велики за да добие совет и да ја дознае иднината.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-07_copy.jpg

Манастирот Света Катерина

Еден од најстарите манастири во светот, Света Катерина, се наоѓа во подножјето на планината Синај.

Тоа е и местото каде што се верува дека Мојсеј ги примил Десетте заповеди.

Овој пустински манастир поседува неверојатна колекција на религиозна иконографија, уметност и ракописи.

За повеќето посетители, патувањето до Света Катерина вклучува и искачување по планината Синај, од каде што се гледа неверојатно изгрејсонце и зајдисонце.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-04.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos



Би можело да ве интересира:

Како изгледал одморот во Египет пред 100 години, низ ретро фотки? Туристите можеле да се качат на врвот на Големата пирамида во Гиза и уште тогаш ...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
Матка и уште 7 живописни кањони во Европа што го одземаат здивот Од Матка во Македонија, до Samaria на грчкиот остров Крит, Европа крие бројни жи...
20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg