11 работи што мора да ги видите во Египет (покрај пирамидите)

Египет, домот на древните фараони, е полн со впечатливи храмови, антички гробници, пустини, оази и градови кои ги воодушевуваат сите што ја посетуваат оваа земја. Туристите најчесто избираат да ги видат пирамидите, да нуркаат во Црвеното Море или да го посетат Луксор, иако постојат уште многу историски богатства во земјата кои не се туристички атракции.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-01.jpg

Египет отсекогаш важел за едно од најфасцинантните места во светот. Со богата историја, антички гробници, оази, реката Нил, Црвеното море и пустините, секој може да најде нешто што ќе му го привлече вниманието.

Ако сакате да го истражите Египет, но да не бидете обичен турист, прочитајте кои сè локации можете да ги видите и да ја доживеете оваа егзотична дестинација во нејзиниот полн сјај.

Nекои од врвните атракции и места кои можете да ги посетите во Египет:

Пирамидите во Гиза

Колку и да е клише, ниедна посета на Египет не треба да помине без посетата на пирамидите во Гиза, последното постоечко чудо од седумте чуда на античкиот свет.

Тие се едни од најпрепознатливите знаменитости во светот.

Тука се гробниците на фараоните Кеопс, Кефрен и Микерен, гробницата на кралицата Кенткаус и енигматичната Сфинга.

Тие и денес се на врвот на листата на туристички атракции и сè уште претставуваат чудесна глетка во која ужива секој што ги посетил.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-13.jpg

Храмовите и гробниците во Луксор

Познат по Долината на кралевите, храмот Карнак и Спомен-храмот на Хатшепсут, градот Луксор нуди многу туристички атракции.

Градот е поделен на источен и западен дел со реката Нил.

На источниот брег на Луксор е модерниот град кој има живописен пазар. Тука се и двата храма – Карнак и Луксор.

На западниот брег има бујно обработливо земјиште, но и пусти карпи. Тука се наоѓаат и повеќето туристички атракции во Луксор, со многу гробници и храмовите, поради што го нарекуваат „најголемиот музеј на отворено во светот“.

Само еден ден тука е доволен да видите зошто Луксор и денес продолжува да ги фасцинира историчарите и археолозите.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-05.jpg

Асуан

Најмирниот град во Египет е Асуан, изграден на реката Нил.

Веднаш до него има пустински дини со портокалова нијанса, што го прават Асуан одлично место да застанете и да уживате во мистичноста на Египет.

Со речниот траект можете да го посетите островот Елефантин, да прошетате по шарените улици на нубиските села, да јавате камила до пустинскиот манастир Свети Симеон или да пловите по Нил на зајдисонце.

Во близина на градот има многу историски локалитети и бројни храмови, вклучувајќи го и храмот Филе.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-09.jpg

Абу Симбел

Дури и во земја полна со храмови, Абу Симбел е нешто посебно.

Абу Симбел е големиот храм на фараонот Рамзес II, украсен со колосални статуи кои чуваат стража надвор и со ентериер украсен со раскошни ѕидни слики.

Но, Абу Симбел е познат и по неверојатниот инженерски подвиг што го изврши УНЕСКО во 1960-тите години, кога целиот храм го помести од првобитната локација за да го спаси од исчезнување под надојдената вода на браната Асуан.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-10.jpg

Исламскиот дел на Каиро

Исламскиот дел на Каиро е преполн со џамии, медреси (исламски школи за учење) и антички споменици.

Тука ќе го најдете пазарот на Кан ел-Калили кој е во вид на лавиринт, каде што занаетчиите сè уште имаат свои мали работилници, а тезгите се преполни со керамика, текстил, зачини и парфеми.

Околу пазарот има многу патишта, но тука се и некои од најубавите зачувани архитектонски чуда на старите исламски империи.

Посетете ја џамијата Ал-Азхар и блескавата џамија Султан Хаса, а качете се и до средновековната порта Баб Зувеила, од каде што ќе ги видите најдобрите панорами со минариња во цел Египет.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-08.jpg

Сакара

Сите слушнале за пирамидите во Гиза, но тие не се единствените пирамиди во Египет. 

Сакара е огромна некропола од гробници и пирамиди што се користела во секоја ера на фараонското владеење.

Најпозната е скалестата пирамида од старото кралство, која покажува како архитектите од Стариот Египет го унапредиле своето инженерско знаење за конечно да создадат вистинска форма на пирамидите.

Во близина се наоѓаат и Црвената пирамида и Свитканата пирамида, кои мора да ги видите ако ја посетите Сакара.

abu-simbel-oazata-siva-i-ushte-10-raboti-shto-mora-da-gi-vidite-vo-prekrasniot-egipet-a-ne-samo-piramidite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како изгледал одморот во Египет пред 100 години, низ ретро фотки? Туристите можеле да се качат на врвот на Големата пирамида во Гиза и уште тогаш ...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
Шарени продавнички, штандови за вафли и разџагорени улици - Зошто да го посетите Брисел во најскоро ... Брисел – ако сè уште ја немате посетено белгиската престолнина тоа, направете го...
Матка и уште 7 живописни кањони во Европа што го одземаат здивот Од Матка во Македонија, до Samaria на грчкиот остров Крит, Европа крие бројни жи...
20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...
Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охри... Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg