Палати од мраз, огромни скулптури од снег: Зимски фестивал во Кина е како новогодишна бајка (фото+видео)

На фестивалот за скулптури од мраз и снег во Кина можете да видите огромни снешковци, но и цели палати направени само од мраз.

palati-od-mraz-ogromni-skulpturi-od-sneg-zimski-festival-vo-kina-e-kako-novogodishna-bajka-foto-01.jpg

Во кинескиот град Харбин, секоја зима се одржува фестивал на скулптури од мраз и снег.

Ова е најголемиот фестивал во светот од ваков тип, а скулптурите што ги изработуваат уметниците наликуваат како да се излезени од зимска бајка.

Покрај огромните снешковци и скулптури, на фестивалот можат да се видат и цели палати направени само од мраз.

Градот Харбин е сместен во североисточниот дел на Кина, а поради студениот зимски ветар кој продира од Сибир, температурата во зимскиот период се спушта и до -20 степени Целзиусови.

Студеното време, пак, е идеално за детално изработените скулптури и градби од снег и мраз.

На некои од градбите има и сијалички, па навечер фестивалот изгледа како од новогодишна честитка.

Фестивалот се одржува секоја година, од декември до февруари.

Повеќе фотки и видеа во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Топ 10 потценети дестинации во Европа кои вреди да ги видите во 2026 (има и град од Македонија) Варна во Бугарија, Изола во Словенија, Терачина во Италија и уште 8 европски дес...

Најчитани неделава