Матка и уште 7 живописни кањони во Европа што го одземаат здивот

Од Матка во Македонија, до Samaria на грчкиот остров Крит, Европа крие бројни живописни кањони кои вреди да ги истражите.

8-zhivopisni-kanjoni-vo-evropa-shto-go-odzemaat-zdivot-01.jpg

Ако сте како повеќето, веројатно не помислувате да посетувате кањони кога сте во друга држава. Но, дел од кањоните во Европа се искуство кое мора да го доживеете.

Осум од најживописните кањони во Европа:

Vikos, Грција

Неретко познат како „грчкиот Голем Кањон“, Vikos навистина ќе ве натера да помислите дека се наоѓате во САД покрај Големиот Кањон.

Се наоѓа во северниот дел на Грција, долг е околу 20 километри, а неговата висина варира – од 120 до 490 метри.

За да го истражите кањонот пеш, можете да почнете од селцето Monodendri и да завршите до селото Vikos. Турата трае околу шест часа.

Ако не сте расположени за шетање, над кањонот има автопат со неколку места за застанување од каде ќе можете да го набљудувате.

Матка, Македонија

Не треба да ви раскажуваме за убавините на Матка за да ја видите (по којзнае кој пат).

Од Скопје до Матка можете да стигнете со градски автобус, но и со автомобил.

Покрај кањонот има пешачка патека, а со бротче можете д ја посетите и пештерата Врело.

Cava d’Ispica, Сицилија

Кањонот е долг 13 километри, а бидејќи не е многу познат помеѓу туристите, посетата ќе ви биде навистина мирна.

Интересно е што наоколу има остатоци од древни гробници и живеалишта, а за дел од нив се претпоставува дека датираат од неолитот.

Можете да стигнете до кањонот со автомобил, а можете да платите и за тура со водич.

Saklikent, Турција

Овој кањон е популарна туристичка атракција, па подгответе се за гужва, особено во летните месеци.

Кањонот е дел од национален парк кој се наоѓа во југозападниот дел на Турција, на околу 60 километри од Анталија.

Од 18-те километри, само 4 километри од кањонот се достапни за пешачење.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
7 земји кои треба да ги видите пред да станат популарни, па да не можете да се разминете од туристи ... Во светот сè уште има скриени бисери - места полни со култура, пејзажи и душа ко...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото) Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус ...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg