На 50 километри од Барселона се наоѓа гратчето Калела - медитерански рај совршен за одмор (фото)
Ако сакате одмор по пристапни цени, но со шпански дух и медитерански шмек, плус со можност да ja посетите Барселона со директна железничка линија, тогаш ова гратче е совршено за вас.

Калела (Calella) е шармантен крајбрежен град на Медитеранот во Каталонија, Шпанија.

Се наоѓа на североисточниот брег од Барселона, поточно на околу 50 километри од Барселона и исто толку од Жирона.

Има околу 20.000 жители, но летно населението значително се зголемува.
Познат е како туристичка престолнина на реонот „Costa del Maresme“.
Должината на плажите е приближно 3 километри.
Platja Gran (Calella Beach) е главната плажа со површина околу 1.5km, спортски терени и водени активности.

Platja de Garbí е урбана, но потивка со опции за спорт.
Las Rocas (Platja de Les Roques) е камена, малку поскриена плажа, идеална за нуркање и снорклинг.
Сите три плажи имаат „Сино знаменце“ (Blue Flag) – значи се безбедни и еколошки чисти.
Препознатлив знак на градот е светлинкиот Calella Lighthouse – изграден 1859, кој нуди панорамски поглед на градот и Средоземното Море.
Градот го има и паркот Dalmau – зелен простор во центарот на градот, со пешачки патеки и чести културни настани.
Познати се и пешачките патеки Manuel Puigvert и Garbí кои се протегаат покрај морето и се совршени за прошетки.
Градот е познат по културните настани и фестивали, кои особено ги има во текот на летото. Од кино на отворено до музички фестивали, за време на вашиот престој таму сигурно ќе наидете на некој.
Лесно ви е пристапна и Барселона бидејќи има директна железничка линија.
Повеќе фотографии од Калела:
Дел од настаните во текот на годината (кликнете на видеата):
С. С. | Црнобело
