Плажи во Грција кои се погодни за летување со мало бебе
На кои плажи низ популарните грчки туристички места има природна ладовина и сенка, а кои плажи може да се пофалат со ситен песок и плитко море за полесно бањање со бебиња? Идеи ако не знаете каде да одите на одмор со бебе летово.
Родителите на мали деца честопати наидуваат на предизвици во обидот да најдат идеална дестинација за патување со мало бебе.
Доколку вашиот избор се сведува на Грција, секако дека опциите се огромни, без разлика дали тоа ќе биде на Халкидики или на некој од островите.
Има многу плажи кои имаат природна сенка, морето не е длабоко уште на вториот чекор, а песокот е ситен па не е проблем за бебиња кои проодуваат.
Издвојуваме 9 плажи на различни места низ Грција, но тоа не значи дека ако одите на друго место нема да поминете добро.
За природна ладовина:
Пахис, Тасос
Лагомандра, Ситонија
Калогрија, Ситонија
За ситен песок и плитко море:
Скала Потамија, Тасос
Голден Бич, Тасос
Калитеа, Касандра
Сивири, Касандра
За голем избор на сместување на сама плажа и директен пристап:
Вурвуру, Ситонија
Врахос, помеѓу Парга и Превеза
M. M. | Црнобело
Фото: Google Maps / Trip Advisor
Би можело да ве интересира:





