„Зошто езерото Комо треба да го замените со Охрид?“ - Британска новинарка е восхитена од убавините на Македонија

„Пиејќи вино и грицкајќи закуски на сонце, повторно добивам чувство дека можеби сум во Италија. Но, мислата брзо ми поминува, затоа што Охрид е многу повеќе од град што наликува на Комо“, стои во текстот на Сара Холт, британска новинарка која објави прекрасна статија за македонскиот бисер во реномираниот весник „Independent“.

zoshto-ezeroto-komo-treba-da-go-zamenite-so-ohrid-britanska-novinarka-ne-go-krie-voodushevuvanjeto-od-ubavinite-na-makedonija-01.jpg

Британската новинарка Сара Холт, чија специјалност се патувања и туризам, го посети Охрид. Своето воодушевување од овој магичен град, Сара го сподели со читателите на реномираниот весник „Independent“.

Таа напиша статија со наслов „Зошто езерото Комо треба да го замените со Македонија?“ и со многу пофалби и возбуда, ги опиша убавините на нашиот бисер.

Прочитајте дел дел од нејзините впечатоци:

„Чашите ѕвечкаат, а приборот за јадење ги гребе чиниите во кафулето на тротоарот покрај езерото. Луѓето пијат Аперол и еспресо и грицкаат пица, а главите им се свртени кон водата со зелена нијанса и ридовите кои ја обиколуваат.

Сцената е како покрај езерото Комо - но јас сум 2.100km оддалечена од северна Италија, во југозападна Македонија, во градот Охрид.

Овој град полека влегува во радарот на британските туристи, благодарение на директните летови од Манчестер и Гетвик. Охрид и езерото кое го носи истото име, според статистиката, всушност ги надминуваат нивните познати италијански „колеги“.

zoshto-ezeroto-komo-treba-da-go-zamenite-so-ohrid-britanska-novinarka-ne-go-krie-voodushevuvanjeto-od-ubavinite-na-makedonija-04.jpg

На површина поголема од 220km2, Охридското Езеро е повеќе од двојно поголемо од Комо, факт што најдобро се забележува кога ќе тргнете на патување со брод околу брегот на Охридско.

Карстните карпи, обоени во калај и бебешко розова боја, се протегаат со километри, отстапувајќи го местото на непреченото зеленило на Националниот парк Галичица, кој е толку густо збиен со зеленила на некои места, што наликува на цветови од брокула.

Мојот брод застанува во подножјето на манастирот Свети Наум, православен манастир изграден во 10-тиот век. Оттука се простира поглед на волуменозното езеро и на пауните кои слободно шетаат во дворот на манастирот.

Влегувам во манастирската црква и ја откривам просторијата со фрески каде што е погребан Свети Наум. Легендата вели дека ако го ставите увото на површината на гробот, сè уште можете да го слушнете чукањето на неговото срце, но јас решавам да не ја тестирам таа теорија.

Со своите околу милион години, Охридското Езеро е исто така постаро од италијанските езера, а градот Охрид е признаен како едно од најстарите населени места во Европа. Шетајќи низ Стариот град, одејќи нагоре до тврдината од 11-тиот век на Цар Самоил, добивам чувство дека чекорам низ историјата.

zoshto-ezeroto-komo-treba-da-go-zamenite-so-ohrid-britanska-novinarka-ne-go-krie-voodushevuvanjeto-od-ubavinite-na-makedonija-02.jpg

Историските локалитети на Охрид ја претставуваат секоја фаза од минатото на Македонија и остатоците од војните што многу империи и нации ги имаа на оваа територија.

Тука има градски порти кои првично биле изградени во 4 век п.н.е.; хеленистички амфитеатар со 5.000 седишта; цркви од 14-тиот век; градски куќи од 18-тиот век; и црквата Света Софија која датира од 6-иот век (ова се само дел од работите што ќе ги видите во градот).

Токму овој слој од историјата го внесе стариот град на Охрид на листата на светско наследство на УНЕСКО во 1997 година. На списокот се вклучени и делови од езерото, кои им обезбедуваат дом на преку 200 видови растенија и 17 ендемични видови риби.

zoshto-ezeroto-komo-treba-da-go-zamenite-so-ohrid-britanska-novinarka-ne-go-krie-voodushevuvanjeto-od-ubavinite-na-makedonija-03.jpg

Прошетајте по која било од улиците во центарот на градот и ќе откриете уште еден од охридските бисери - неговите продавници за накит. Охридските бисери, како тие што ги носеа кралицата Елизабета Втора и принцезата Дијана, се разликуваат од оние што ќе ги најдете на кое било друго место во светот, бидејќи се рачно изработени.

Две семејства ги прават тајно, со рецепти кои ги користат со векови, а кои вклучуваат мелени школки, емулзии направени од крлушките на охридската пастрмка и макотрпен процес на создавање во повеќе фази.

zoshto-ezeroto-komo-treba-da-go-zamenite-so-ohrid-britanska-novinarka-ne-go-krie-voodushevuvanjeto-od-ubavinite-na-makedonija-05.jpg

Охридското Езеро е клучен играч и во актуелната винска ренесанса во Македонија. Откривањето на антички остатоци од зрна грозје сугерираат дека виното се произведувало во оваа област уште во неолитот.

Во средината на 20-от век, кога земјата беше под власт на комунистичка Југославија, виното се произведуваше за квантитет наместо за квалитет.

Сега, поголеми винарии во земјата работат со експерти од цела Европа за да ја подобрат својата понуда и се отвораат голем број независни бутик-винарии со намера да ја направат Македонија почитуван „играч“ на светската винска сцена.

Пиејќи вино и грицкајќи закуски на сонце, повторно добивам чувство дека можеби сум во Италија. Но, мислата набргу минува - затоа што Охрид е многу повеќе од град што наликува на Комо. Тоа е сама по себе дестинација богата со историја“.

Прочитајте го целиот текст ТУКА.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
50 евра по човек за лежалки во прв ред во Пефкохори: Како се движат цените на Халкидики годинава? Условите во баровите на плажа во Грција се значително сменети годинава. Ако неко...
Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...
Девојка се жали за одморот на брегот Амалфи во Италија: „Зошто сум разочарана?“ „Кога велам дека никогаш досега не сум искусила нешто вакво, не преувеличувам. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg