8 забавни активности во кои може да уживате ако го посетите Скијатос во септември

Гледајте филм на отворено во Attikon

Ова кино на отворено во Скијатос постои од 1962-ра година.

Тоа е одлично место доколку на островот патувате сами со својот партнер, па би можеле таму да испланирате една незаборавна романтична вечер и да гледате филмови на англиски јазик со грчки превод.

За сурфање и скијање на вода посетете ја плажата Agia Eleni

Оваа плажа е одлична доколку планирате целиот ден да го поминете во сончање и во пливање, но и доколку имате желба да уживате во водени спортови.

На оваа плажа можете да најдете забавни активности како сурфање, скијање на вода, веслање кану.

Уживајте во ситниот песок и кристално бистрите води на плажата Troulos

Оваа плажа се наоѓа на околу 9km од градот Скијатос и е препознатлива по ситниот песок, чистата вода и големиот плиток дел.

Плажата има повеќе бич-барови со лежалки и чадори, а во близина има и повеќе сместувачки капацитети.

Посетете го островот Tsoguria

До овој остров се доаѓа со брод од Скијатос, и важи за едно од најдобрите места доколку на патувањето сте со деца.

На плажата на островот има чадори, како и голем број штандови на кои се продава храна и пијалаци.

Исто така, ќе ви се допадне тоа што има многу голем плиток дел што е одлично доколку сте со деца или не сте искусни пливачи.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...

Најчитани неделава