8 забавни активности во кои може да уживате ако го посетите Скијатос во септември

Скијајте на вода, сурфајте, гледајте нов филм во кино на отворено... Островот Скијатос нуди безброј забавни активности, а благoдарение на топлата вода на морето, тој е идеален и за одмор и во септември.

8-zabavni-aktivnosti-vo-koi-mozhe-da-uzhivate-ako-go-posetite-skijatos-vo-septemvri-01.jpg

Островот Скијатос важи за една од омилените дестинации во Грција. Со оглед на тоа што морето е топло од јуни до септември, со температура до 24 степени Целзиусови степени, ова е одлично место доколку сакате да заминете на одмор малку подоцна.

Островот е одличен за сите оние што сакаат добар ноќен живот, живописни плажи, бич барови, кафулиња и ресторани каде се служи грчка и медитеранска храна.

Порталот Travel Lens издвојува повеќе активности што не би требало да ги пропуштите доколку се најдете на Скијатос.

Одете со брод до плажата Lalaria

Ова е најпознатата плажа на островот. Околината е со бели карпи што даваат живописен поглед, а морето е тиркизно.

Посетете ја црквата Agios Nikolaos

Ако сте од оние луѓе што во рамки на своето патување сакате да посетите и историски знаменитости, тогаш кога ќе одите на Скијатос, треба да ја посетите и оваа црква која е една од најпопуларните за венчавки.

Црквата е посветена на Свети Николаос, заштитникот на морнарите, а ќе ви се допадне нејзината живописна архитектура.

Одете на час по нуркање

Кристално бистрата вода на морето дозволува да доживеете неверојатно нуркачко искуство. Големиот број карпи и подводни пештери ќе бидат вистинско задоволство за вашите очи, а со вас ќе понесете незаборавни спомени.

Прошетајте низ калдрмата на стариот град Скијатос

Идеален за прошетки, затоа што тесните калдрмести улички не дозволуваат низ нив да се оди со возила, туку само пеш.

Ќе ве освои со својот старовременски шарм и ниските куќички во кој се сместени голем број, кафулиња, ресторани и барови.

Уште 4 активности на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...

Најчитани неделава