5 најубави таверни на Ситонија - вкусна храна, прекрасно зајдисонце и морето на дланка

Вториот крак на Халкидики, има посебна магија. Иако веќе речиси доста испопуларизиран, сепак, не е тешко да најдете мирни сокриени плажи, тивки ресторани, ладовина во близина на море и да уживате во вистинска смисла на зборот.

5-najubavi-taverni-na-sitonija-vkusna-hrana-prekrasno-zajdisonce-i-moreto-na-dlanka-01.jpg

Храната во грчките таверни важи за една од највкусните во светот, па доколку сакате да пробате морски специјалитети, мезиња во идеална комбинација со грчко узо, свежи салати, ова се 5-те најпопуларни таверни на Ситонија.

1. 5 steps in the sand

Или буквално, на 5 чекори до морето. Се наоѓа во Сикиа, поточно на плажата Pygadaki и додека ја чекате храната, можете да се оладите во морето. Велат дека најубаво е да дојдете околу зајдисонце.

2. Rahona

Pесторан и хотел сместени на патот од Никити кон Неос Мармарас, пред влезот во Парадизос. Фантастичен поглед на морето во текот на денот и уште поубаво за време на зајдисонцето. Познат по домашните пити и ципуро. Најчесто е мирно и нема гужви.

3. To Simadi

Tаверна во Парадизос, пред Неос Мармарас. Дел од масите се поставени на самата плажа. Ако начекате маса на зајдисонце – добитна романтична комбинација.

4. Manassu Beach Bar & Restaurant

Во Agios Nikolaos е овој елегантен, скриен рај. Прекрасна музика, покрај плажа со кристално чисто море, услуга на ниво.

5. To Limanaki

Во Неос Мармарас, кај самото пристаниште, ќе пронајдете најсвежи морски плодови подготвени совршено вкусно. 

E. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
Топ 5 најубави плажи на Макарска ривиера во Хрватска Макарска повторно станува популарна дестинација кај младите, но и кај семејстват...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...

Најчитани неделава