Дестинации ширум светот кои туристите сакаат да ги видат најмногу - Која е најпопуларна атракција во Македонија?

Во Македонија, Охридското Езеро е најпопуларната атракција за туристите, додека во Хрватска – Плитвичките Езера. Кои се популарните дестинации и атракции ширум светот кои луѓето најмногу сакаат да ги видат?

destinacii-i-atrakcii-shirum-svetot-koi-turistite-sakaat-da-gi-vidat-najmnogu-01.jpg

Кога се зборува за популарни туристички дестинации, се мисли на оние места кои ги посетиле најмногу луѓе.

Но, сте се запрашале ли кои се дестинациите што луѓето најмногу сакаат да ги посетат, но (сè уште) немале можност?

Интересна анализа на компанија за патничко осигурување – AllClear – го открива токму ова.

Од компанијата анализирале посетеност на статии на Википедија, односно за која знаменитост во секоја држава луѓето читале најмногу.

destinacii-i-atrakcii-shirum-svetot-koi-turistite-sakaat-da-gi-vidat-najmnogu-10.jpgНајпопуларни дестинации и атракции во светот (за подобра резолуција кликнете ТУКА)

Во анализата се вклучени Македонија и земјите од регионот.

Во нашата држава најпопуларно е Охридското Езеро, во Грција – Акропол во Атина, во Хрватска – Плитивчките Езера, во Бугарија – катедралата Александар Невски, во Албанија – амфитеатарот во Драч, а во Хрватска – Которскиот Залив.

destinacii-i-atrakcii-shirum-svetot-koi-turistite-sakaat-da-gi-vidat-najmnogu-12.jpg

За најпопуларните дестинации од компанијата откриваат и колку прегледи имаат на Википедија.

Најпопуларна дестинација во светот е Таџ Махал во Индија, со над 28 милиони прегледи на Википедија.

destinacii-i-atrakcii-shirum-svetot-koi-turistite-sakaat-da-gi-vidat-najmnogu-09.jpgНајпопуларни атракции и дестинации во Европа (за подобра резолуција клкикнете ТУКА)

Од компаниајта велат дека на овој начин веројатно ги откриле новите седум светски чуда, бидејќи ова се дестинациите кои привлекуваат најмногу внимание.

Па, кои се „новите“ седум светски чуда, односно дестинации кои луѓето најмногу сакаат да ги видат?

Таџ Махал, Индија (28,6 милиони прегледи)

destinacii-i-atrakcii-shirum-svetot-koi-turistite-sakaat-da-gi-vidat-najmnogu-02.jpg

Бурџ Халифа, Обединети Арапски Емирати (23,4 милиони прегледи)

destinacii-i-atrakcii-shirum-svetot-koi-turistite-sakaat-da-gi-vidat-najmnogu-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg