Атмосферата во Дојран во јуни 2025: Полни плажи, многу капачи во езерото и пристапни цени (нескафе - 100 денари, пиво - 120)
Ќе уживате во голема порција локумадес за 70 до 120 денари и ќе се сончате на некоја од убаво уредените плажи... А капење во езеро или базен, изборот останува на вас. Го посетувате ли Дојран во летните денови?

Во втората половина од јуни летната атмосфера во Дојран е во полн ек... Плажите се полни со посетители, има многу капачи во езерото, а цените и годинава се пристапни.


Нескафе е 100 денари, пиво е 120 денари, коктелите околу 250, а локумадес или крофни голема порција е од 70 до 120 денари во зависност од изборот на крем и додатоци, а во ова ќе добиете дури и гратис чашка лимонада или боровница.


Тезгите се отворени со разни работи, па од маска за телефон и магнети до играчки и облека, има по нешто за секого.
Децата насмевнати уживаат, возрасните се релаксираат...
Почувствувајте ја атмосферата во Дојран преку фотографиите кои ги направивме таму викендов (22.06).


Атмосферата во Дојран во јуни 2025:





