Атмосферата на Градиште во лето 2025 - освежени цртежи, рајски катчиња (фото)
Мммм, кристално чистата вода на Градиште и експлозијата од бои на „Jungle Beach“, односно Градиште 3... Ја сакате ли оваа охридска плажа?

На околу половина час од Охрид се наоѓаат плажата и кампот Градиште.
Кристално чистата вода е најсилната карактеристика на ова место. Има и барови со храна и пијалаци, но и лежалки и чадори за изнајмување.
Годинава паркинг е 200 денари, а изнајмување на педалника 500, а атмосферата е одлична.
Освежени цртежи, катчиња со столчиња, лежалки со сунѓери во боја.
На „Jungle Beach“, односно Градиште 3, имате експлозија од бои, на „Оревче“, односно Градиште 4, пак, има одлична забава за млади.

Фотографиите се наравени од нашата читателка Емилија Жупаноска.
Прочитајте и „Бев во Охрид, со глисер крстарев по крајбрежјето, јавав коњи, го посетив магичниот манастир Заум – бесценето искуство“
Атмосферата на Градиште во јуни 2024-та:









С. С. | Црнобело
