Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилените?

Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот на цимет и греено вино во воздухот, а божиќните базари се посебно искуство...

vkus-na-cimet-greeno-vino-i-sovrshena-novogodishna-elka-za-na-instagram-zoshto-bozhikjniot-market-vo-budimpeshta-e-megju-omilenite-01.jpg

Прекрасна архитектура, вкусна храна и вино, култура и неколку божиќни базари кои им се омилени на Унгарците, но и на странците.

И токму тоа ја прави Будимпешта една од главните туристички дестинации во декември, кога секаде наоколу се слуша празнична музика, светат илјадници светилки, а новогодишните елки се главна атракција за фотографирање.

Ова е и време кога опива мирисот на цимет и греено вино во воздухот.

Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември.

vkus-na-cimet-02.jpg

Ако сакате да видите некои од најубавите празнични базари, каде што ќе можете да си купите украси од шеќер, слатки од марципан, да се насладувате на празниците и совршената атмосфера, тогаш сè уште имате време да испланирате посета на Будимпешта и нејзините божиќни маркети.

А, не може да биде поедноставно - со авион од Скопје до Будимпешта се стигнува за околу 50 минути, а цените на авионските билети се меѓу најевтините за нас (споредено со другите европски дестинации).

Базарот пред базиликата Свети Стефан е еден од најпосетените.

vkus-na-cimet-03.jpg

Со прекрасна елка поставена во средината на плоштадот, но и неколку десетина куќички во кои се продаваат празнични дребулии, ова ќе биде местото од каде што нема да сакате да си заминете (и да објавувате многу фотки на Инстаграм).

Но, тука се и базарот во Еврејскиот кварт, божиќниот маркет Gozsdu Udvar кој е поставен на малиот плоштад „Франц Лист“, празничниот маркет покрај трговскиот центар Allee, но и Fö Square во Буда.

Најголемиот од сите, пак, е Vörösmarty Tér, кој е лоциран во срцето на градот, на крајот на туристичката улица Váci Utca.

vkus-na-cimet-04.jpg

А бидејќи ова време е многу студено во Будимпешта, не заборавајте да понесете топла зимска облека, неколку пара ракавици, шал, капа и дебели јакни и чорапи.

Погледнете како изгледаат божиќните маркети во Будимпешта на Инстаграм:

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
10 причини зошто да го посетите Копенхаген со деца – нема да сакате да се вратите Ќе доживеете нешто што не постои кај нас, ќе шетате по прекрасни големи паркови,...

Најчитани неделава