Бонтон правила со кои ќе делувате како културен гостин во хотел

Немојте да валкате куп крпи за еден ден и ако чекате чистачка, барем соберете си ја валканата облека.

bonton-pravila-so-koi-kje-deluvate-kako-kulturen-gostin-vo-hotel-02_copy.jpg

Точно е дека кога сме во хотел не мора да се грижиме за менување постелнина, перење крпи, готвење и слично.

Но, ова не значи дека треба да се однесуваме разгалено, како вработените во хотелот да ни се слуги.

Треба да покажете доза почит кон вработените, особено хигиеничарките, ако сакате да делувате како културна личност и да оставите добар впечаток.

Бонтон правила што ќе ви помогнат во ова:

Бидете внимателни со крпите

Една крпа за лице може да ви послужи барем два дена. Исто е и со крпите за туширање. Па, немојте да ги фрлате на подот по само една употреба.

Исто така, немојте да ги користите крпите за да отстраните шминка бидејќи на нив ќе останат дамки, па ќе му направите дополнителен трошок на хотелот, но и ќе им отворите повеќе работа на одговорните за хигиената.

bonton-pravila-so-koi-kje-deluvate-kako-kulturen-gostin-vo-hotel-03.jpg

Не ја оставајте собата во хаос

Од вас не се очекува да ја исчистите собата пред да си заминете, но исто така не е во ред и да оставите хаос. Ако очекувате да дојде чистачка, можете барем да си ја соберете облеката, особено валканата.

Пред да го напуштите хотелот, потрудете се да ги ставите валканите крпи на купче и да го соберете вашето ѓубре. Не мора да го изнесувате надвор, но барем соберете сè во корпата за отпадоци.

bonton-pravila-so-koi-kje-deluvate-kako-kulturen-gostin-vo-hotel-06q.jpg

Не пуштајте гласна музика, телевизија и слично

Во хотелот не сте сами и секогаш треба да ги имате предвид другите гости. Избегнувајте да пуштате гласна музика, дури и во текот на денот бидејќи може некој спие.

Никако немојте да пуштате музика на терасата, од каде што можат да ве слушнат сите.

Замислете како би се чувствувале вие кога сакате да одморите во хотел, но од некоја соба „ечи“ музика или телевизор.

bonton-pravila-so-koi-kje-deluvate-kako-kulturen-gostin-vo-hotel-04.jpg

Не барајте да ви ја чистат собата секој ден

Точно е дека сте во хотел, но сигурно не ви треба чистачка секој ден – можете и сами да си го наместите креветот и да си ја соберете расфрланата облека.

bonton-pravila-so-koi-kje-deluvate-kako-kulturen-gostin-vo-hotel-05.jpg

Не оставајте недојадена храна во собата

Ако јадете во собата, секогаш фрлајте ги остатоците пред да излезете. Ако, пак, нарачате од хотелот, тогаш викнете собна послуга кога ќе завршите.

Со ова ќе им ја олесните работата на хигиеничарките во собата, но и во кујната на хотелот.

Исто така, никогаш не оставајте остатоци од нарачаната храна во ходникот – хигиеничарите не парадираат постојано и нема да можат да ја соберат веднаш, па ќе почне да се шири мирис, но и бактерии во ходникот.

bonton-pravila-so-koi-kje-deluvate-kako-kulturen-gostin-vo-hotel-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с... „Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg