„Бев на патување во Улцињ и го шетав црногорското крајбрежје до Будва – магичен стар град, 13km песочна плажа“
Ќе ви раскажат и колку угостителството е тежок бизнис во последните години, поради недостигот од работна сила, но и колку се горди на природната убавина на својот роден крај.
Времето беше прекрасно за на плажа, а од петте дена, едниот во кој ни врнеше го искористивме за прошетка до Петровац и Будва.

Петровац имаше помонденска нота, а и тука преовладуваа туристите од Германија. Со рибни ресторани, шарени столчиња и убаво сочувани градби, ова место, на 19 километри од Будва, е совршено за оние кои сакаат мирен одмор.




Будва ја имам посетено неколкупати досега, секогаш надвор од сезона, поради страв од гужвите и, како и секогаш, беше совршена.


Малку преинтензивно се гради за мој вкус и на секој чекор никнуваат огромни хотели, но е одлична за прошетки, а стариот град и тука е најсилната страна.

Во турата по црногорското крајбрежје го посетивме и стариот град во Бар, каде се плаќа влезница од 5 евра и каде има река туристи, кои доаѓаат со автобуси.


