8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед

Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубавиот во Грција. Кој го посетил еднаш, се вратил и вторпат. Па и трет. А ако одите, кои плажи треба да ги посетите?

8-rajski-plazhi-na-lefkada-koi-mora-da-gi-posetite-50-nijansi-sino-i-sovrshen-pogled-01.jpg

Плажите на западната страна на Лефкада се вистински рај за очи - некои се со ситен песок, други со камчиња, едни се лесно достапни, до други се стига малку потешко (на пример до Egremni има 400 скали, кои не се лесни ни за надолу, камо ли за нагоре).

Но сите тие имаат нешто заедничко - неверојатната сина боја на морето, која се прелева во десетици нијанси на сино и бело и ја прави Лефкада совршен остров.

Гледајќи ги фотографиите се прашувате каков филтер користел тој што ги ставал, но кога ќе ги видите во живо, ќе сфатите дека природата воопшто „не штедела“ и го споила најубавото на едно место.

До островот можете да стигнете со автомобил (околу 7 часа од Скопје, зависи колку паузи ќе направите и колку брзо ќе возите), но и со организирани автобуски тури.

А кога ќе стигнете таму, изборот на плажи кои мора да ги видите е голем - останува само да решите кои од нив ќе се најдат на вашата листа.

Кои се плажите на Лефкада кои треба да ги посетите?

Megali Petra

Плажа со уникатна формација на карпи во морето, која е микс од ситни камчиња и песок.

До плажата, до која се доаѓа со автомобил, е поделена на два дела, токму со карпите.

Под самиот паркинг има бич бар и лежалки поставени во крупните бели камења, но ако тргнете во лево и ги „прескокнете“ неколкуте мали карпи (преку нив се минува лесно), пред вас ќе се отвори нова плажа, широка, и долга.

Морето и тука е вистинска рапсодија од сини тонови и бела пена штом брановите удрат во плажата, а зајдисонцата се совршени.

Porto Katsiki

Кога првпат ќе ја видите во живо, ќе останете со подотворена уста пред нејзината убавина.

За разлика од повеќето плажи, Porto Katsiki е плажа со камења, дури и влезот во морето е на места малку потежок поради камењата во плиткото.

Но токму овие бели камења го даваат неверојатниот контраст на бело и сино.

Пред самата плажа има паркинг, неколку бич барови, па можете и од плажа да си порачате храна или пијалак и ќе ви ги донесат.

Дел од плажата има организирани лежалки, но поголемиот дел е слободен за да си поставите свој чадор за сонце.

Egremni

За многумина, Egremni е најубавата плажа на Лефкада - долга, широка, со бел песок, море во десетици нијанси на сино.

До неа се стигнува со бротче (препорачливо) или откако ќе го оставите возилото на паркинг, треба да испешачите повеќе од 1km за да стигнете до скалите кои се 400 на број.

Иако се нови (направени по земјотресот кој ги затрупа и уништи еден дел од плажата) и полесни за искачување и симнување отколку претходните, сепак, не се ни малку наивни, дури ни за луѓето со одлична кондиција.

На плажата се нудат и лежалки, но бидејќи се многу малку, повеќето туристи избираат самите да си донесат чадори за сонце и лежалки или сламарици.

Препорачливо е да си земете храна и многу вода со себе, бидејќи иако има бар, тој се наоѓа на врвот на скалите, односно пред да почнете да се симнувате накај плажата, па што и да ви притреба за јадење или пиење не е лесно достапно.

Agiofili

Оваа мала плажа со камчиња и тиркизно кристална вода се наоѓа во близина на градот Василики, а до неа најлесно се стигнува со бротче (има организирани тури и бротчиња кои одат од и до плажата неколкупати дневно).

Еден дел од плажата е слободен за да поставите свој чадор за сонце, а другиот е со организирани лежалки.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Плажи во Грција кои се погодни за летување со мало бебе На кои плажи низ популарните грчки туристички места има природна ладовина и сенк...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg