8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед

Kathisma

Една од најпопуларните плажи на островот е лесно достапна со автомобил и нема скали или тешко проодни патчиња што треба да ги изодите за да стигнете до неа.

Ова е и најурбанизираната плажа, со многу бич барови, локали со базен покрај морето, организиран паркинг (со наплата), со лежалки со наплата, но и огромен празен простор за да можете сами да си наместите лежалка и чадор за сонце.

Но, ова е и една од плажите на кои брановите се најголеми.

Milos

Долга плажа, сместена помеѓу две карпи, веднаш зад селото Agios Nikitas.

За да стигнете до неа, треба да влезете во селото и да ги следите патоказите, кои прво ќе ве качат на рид, низ мала шума, а кога ќе дојдете на врвот, пред вас ќе се отвори прекрасен поглед на плажата и морето.

Но, за да стигнете до неа, треба да се спуштите по тесни импровизирани скали и земјени патчиња.

Pefkoulia

Плажа слична на Kathisma, со малку покрупен песок, на чиј крај има и кампинг дел, каде што можете да си поставите шатор.

Се наоѓа на западната страна на островот, веднаш штом ќе го поминете селото Цукаладес и познатиот видиковец.

Agios Nikitas

Оваа песочна плажа, за разлика од другите, не воодушевува со сината боја, но е идеална за семејства со деца.

Се наоѓа во залив, па нема големи бранови, а лоцирана е на крајот на истоименото селце, Агиос Никитас и е лесно пристапна.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Листа со цени за лежалки во бич барови на вториот крак во Грција за лето 2026 На рајската плажа Kavourotripes може да користите лежалки само со нарачан пијала...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Две лежалки - 12 евра, коктел од 10 евра нагоре: Какви се цените за летување во Црна Гора во 2026-та... Кафе на црногорските плажи чини меѓу 2 и 3 евра, пиво од 3 до 5 евра, но трошоци...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Два модерни бич бара во Паралија се хит за лето 2026 - во едниот треба да потрошите 50 евра за 2 леж... На 275 километри од Скопје се наоѓа Паралија, летувалиште кое многумина го сакаа...

Најчитани неделава