8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед

Kathisma

Една од најпопуларните плажи на островот е лесно достапна со автомобил и нема скали или тешко проодни патчиња што треба да ги изодите за да стигнете до неа.

Ова е и најурбанизираната плажа, со многу бич барови, локали со базен покрај морето, организиран паркинг (со наплата), со лежалки со наплата, но и огромен празен простор за да можете сами да си наместите лежалка и чадор за сонце.

Но, ова е и една од плажите на кои брановите се најголеми.

Milos

Долга плажа, сместена помеѓу две карпи, веднаш зад селото Agios Nikitas.

За да стигнете до неа, треба да влезете во селото и да ги следите патоказите, кои прво ќе ве качат на рид, низ мала шума, а кога ќе дојдете на врвот, пред вас ќе се отвори прекрасен поглед на плажата и морето.

Но, за да стигнете до неа, треба да се спуштите по тесни импровизирани скали и земјени патчиња.

Pefkoulia

Плажа слична на Kathisma, со малку покрупен песок, на чиј крај има и кампинг дел, каде што можете да си поставите шатор.

Се наоѓа на западната страна на островот, веднаш штом ќе го поминете селото Цукаладес и познатиот видиковец.

Agios Nikitas

Оваа песочна плажа, за разлика од другите, не воодушевува со сината боја, но е идеална за семејства со деца.

Се наоѓа во залив, па нема големи бранови, а лоцирана е на крајот на истоименото селце, Агиос Никитас и е лесно пристапна.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Плажи во Грција кои се погодни за летување со мало бебе На кои плажи низ популарните грчки туристички места има природна ладовина и сенк...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg