10 градови кои треба да ги посетите оваа есен 2025-та (по препорака од патувачка блогерка)
Амстердам, Холандија... Златните лисја покрај каналите, помалиот број туристи во овој период од годината и уникатните кафулиња го прават совршен за прошетки и возење велосипед на есен.

Санџана Госвами од Индија е патувачка блогерка која советува кои градови во Европа, според неа, се најдобри за посета во есен.
На нејзиниот Инстаграм профил „UnderMyPinkUmbrella“ таа споделува фотографии од нејзиниот престој таму и открива зошто ѝ се допаднале овие градови.

Предлог дестинации за есенски прошетки:
Амстердам, Холандија
Златните лисја покрај каналите, помалиот број туристи во овој период од годината и уникатните кафулиња го прават совршен за прошетки и возење велосипед.

Прага, Чешка
Постуденото време и есенските бои ја прават прошетката низ замокот, Стариот град и Карловиот мост уште поубава.

Будимпешта, Унгарија
Релаксирањето во термалните бањи е уште подобро во есен.

Виена, Австрија
Дворските градини стануваат златни, се отвораат надворешни пазари, а кафулињата се совршени за загревање со кафе и торта.

Париз, Франција
Помалку туристи, есенски лисја во парковите и пријатно време за прошетки покрај Сена.

