Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам за 48 часа?
Изгледаше светски, со двочасовно шоу, и иако скоро сите песни ми беа познати, криво ми беше што не ги знаев наизуст како локалците, кои го пееја секој стих со неа (кликнете за дел од атмосферата на концертот во видеото).
Но, ме воодушеви и фактот што, за разлика откај нас, во Рим секој може да си внесе храна или пијалак во салата.
Единствено, секое внесено шише мора да е со отворено капаче, а капачињата се оставаат надвор (за да не се фрла по пејачката?!).
И во самата сала се продаваше вода, но и пиво во шише и на точење, аперол шприц, дури и сите видови кафиња, а имаше и храна - грицки, кроасани... и по цени скоро исти како во продавница или кафуле, нешто што, мора да признаеме, на нашите концерти е незамисливо.


Бидејќи Италија е синоним за добра храна (или што би се рекло - како се здебелив 3 кила за 2 дена), мораше да пробам сè - од тестенини (од 12 до 16 евра), преку студени сендвичи во фокача (6 евра) и супли (ориз со моцарела - 1.5 евра), до пици на мерење, чии вкусови се многу поразлични од класичните пици што ги прават во рестораните или траториите.


Од благи, пак, пробав тирамису со вкус на ф’стак (3 евра) и мартиоци (слатко тесто во вид на бриож со крем од маскарпоне - 3 евра), десерт кој велат дека е синоним за Рим.


Италијанците ќе ме обвинат за ерес - пиев кафе во Старбакс, покрај целото италијанско еспресо и капучино што се нудеше низ градот, ама... морав.


48 часа во Рим се премалку, но сепак доволно за вистинско уживање на сите сетила. Затоа, уште сега се радувам на нашата следна средба.
Погледнете повеќе фотографии:










©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
