„Бев во Јужна Италија, со авионски лет од Скопје кој трае 1h, и посетив 6 магични гратчиња“
Улички кои се сечии, но во тој миг само ваши. Куќи кои ве тераат да ѕирнете преку прозорчињата кон пространата морска шир.
Бабички кои не знаат ниту збор на англиски јазик, но ви се насмевнуваат како да сте најдобредојдени на свет.


И, не се толку љубезни, веќе на второтo прашање Италијанците почнувате да ги нервирате, а можно е и да ве поткраднат некое евро, но некако толку се полни со енергија и страст за животот и не им се лутите за тоа, а и кога подвикнуваат и кога зборуваат меѓусебно буквално како да се караат.

Не им се лутите затоа што ве учат лекции за животот.
Лекции дека кога ви се игра, станувате и играте, кога ви се пее – пеете, а кога сакате да влезете во омилениот ресторан не ви е проблем да чекате огромна редица надвор и притоа да не се нервирате, туку тоа да ви биде дел од магијата за таа ноќ.

Детали за местенцата нема да ви споделувам, ќе го пронајдете и дедото на хармоника во Алберобело и риболовците во Монополи и магичното огледало во Матера и најубавиот пејзаж, спој на природа и историја во Полињано а Маре...
Само отидете и потоа донесете дел од Италија со себе.

И сум била во повеќе од 15-тина гратчиња во оваа земја. Но, од Италија никогаш доволно.
И, да, за мене важи она клишето: „Ако јас можам да ја имам Италија, ти имај го светот!“




