Пингвини, фоки: Србинка плаче од среќа на Антарктикот и скокна во ледениот Јужен Океан (фото+видео)
„Често од другите слушам дека сум малку луда, а денес тоа си го потврдив и самата себеси. Веројатно најлудата работа што досега сум ја направила во животот – скокнав во ледениот Јужен Океан на Антарктикот. Пред скокот испив шот вотка и му се помолив на Господ“, вели Јована Квржиќ, српска патувачка блогерка, која е на најубавото патување во животот досега.

Јована Квржиќ е српска патувачка блогерка и инфлуенсерка која досега посетила над 100 земји ширум светот, што ја прави една од најпознатите патувачки блогерки од регионот.
Покрај тоа, има магистерски по фармација и е на докторски студии.
На Инстаграм има повеќе од 183.000 следбеници.

Таа моментално е на крстарење со крузер и на посета на Антарктикот.
Антарктикот е најјужниот континент на Земјата. Речиси целосно е покриен со мраз и е најстуденото, најсувото и најветровитото место на планетата.
Се наоѓа околу Јужниот Пол, а околу него е Јужниот Океан.

Тој е најстуден континент, со температури и до −80°C.
Околу 98% е покриен со мраз и содржи околу 70% од светската солена вода (во форма на мраз).
Нема постојани жители, туку само научници во истражувачки бази.

Иако изгледа празно, таму има живот и тоа: пингвини, фоки, китови, морски птици итн.
Антарктикот е клучен за климата на Земјата, бидејќи помага во проучување на: климатските промени, мразот и океаните итн.

Јована за пристигнувањето таму вели:
„Континент кој нема официјално знаме, бидејќи не му припаѓа на никого, а за пристигнување не е потребна виза затоа што ни припаѓа на сите нас.
Континент на кој луѓето не живеат, туку доаѓаат само во пократки временски периоди за да го истражуваат.
Можеби луѓе не живеат, но затоа слободно живеат милиони пингвини, фоки, грбави китови, орки…

