Пингвини, фоки: Србинка плаче од среќа на Антарктикот и скокна во ледениот Јужен Океан (фото+видео)
Ако некогаш ви се укаже прилика за вакво нешто – не ја пропуштајте.
Јас можеби и се двоумев, но кога видов баби и дедовци од 70+ години како го прават тоа… Па, еднаш се живее!“
Кликнете на видеото:
Јована таму уживаше во многу спектакуларни глетки, но најмногу ја воодушевија пингвините.
Таа објави видео од нив на својот Инстаграм профил и напиша:
„Еве едно видео кое, сигурна сум, барем десетина минути ќе му го разубави денот на секого.
Додека пловевме, низ прозорецот на бродот здогледав, можам да кажам, речиси нереален пејзаж – таков за кој мислев дека постои само во цртани филмови. Пингвини на огромна карпа мраз среде океан, кои скокаат во водата.

Станува збор за вид пингвини што се нарекуваат „џенту“ (gentoo) и кои се најбројни на Антарктикот.
Ќе ви пишувам подетално за нив, но сега сакам да разјаснам нешто што многупати ми го праќавте – фотографија што една Инстаграм страница ја објави токму овие денови.
На неа има „летачки“ пингвини, со опис дека пингвините ги туркаат своите другари во водата, од карпа на ледник, за да проверат дали е безбедно и дали случајно нема предатори.

Судејќи според ова видео и според она што ми го кажа екипажот, кој е високо едуциран, тоа баш и не е точно.
Пингвините сами скокаат – од забава и затоа што едноставно се движат, тие се многу активни животни.

Ако понекогаш и се случи еден да турне друг, тоа е кога има многу пингвини на едно место и едноставно доаѓа до турканица и мешаница, но без лоша намера.
Предаторите од кои пингвините се плашат се орките и леопард-фоките, а сето ова ќе ви го покажам подетално во наредните денови.
И да, на крајот сите пингвини скокнаа“.
