„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобус од Скопје дотаму“
Оттука за околу 20-25 минути стигнувате до најдалечното селце, а меѓу селцата се возите од околу 3 до 10 минути.
Не го посетивме само селото Корниља, затоа што не е директно на море, па треба да се искачите нагоре 382 скали.

Почнавме од Риомаџоре каде погледот нагоре ќе направи да си ги протриете очите од убавина.


Потоа, Манарола „култната“ фотографија од пешачката патека покрај море, која е симбол за Чинкве Тере - настанува тука.

Па, Вернаца, место каде просторот дише, а магијата исто така не сопира.


И на крај бевме во Монтеросо ал Маре, каде е вистински туристички рај ако сте дојдени за плажа. Има долга и пространа плажа, која беше со многу народ, дури и сега во април.


И додека мене ми изгледаше како да има многу туристи по возовите и селцата, водичот ми кажа дека всушност реткост е да има вака малку гужва.

Па, така искрено, топло ги препорачувам селцата надвор од летната сезона. Да ги прошетате на пријатна температура, бидејќи за капење летно време сигурно е вистинска „борба“.

И аперол шприц во текот на целото патување беше од 8 до 10 евра, фокача сендвич од 7 евра нагоре, сладолед од 3,5 евра итн.


