Топ 10 потценети дестинации во Европа кои вреди да ги видите во 2026 (има и град од Македонија)
Варна во Бугарија, Изола во Словенија, Терачина во Италија и уште 8 европски дестинации кои се потценети, а вреди да се посетат според искусни патувачи од британски магазин. На четврто место се најде град од Македонија, ќе погодите ли кој е?

Time Out е британски магазин, глобално познат по препораките за патувања и во кои градови што да се прави – од ресторани, до култура и ноќен живот.
Сега, искусните патувачи кои давале препораки за магазинот, составија листа со 20-тина европски дестинации кои често се потценети.
Според нив, вреди да се посетат некои од овие места во 2026 – дали за обично патување и истражување култури, за летен одмор покрај море или за уживање во природа.
Доколку ви е преку глава од гужви и градовите кои се наоѓаат на сите листи, веќе сте ги посетиле или се чувствувате како да сте ги посетиле, ова е алтернатива за вас, со исто толку вредни места за посета.
На листата се најде и еден македонски град, а тоа е Битола, па ако и вие уште не сте го виделе градот на конзулите, зошто и вам да не ви се најде на листата за патување?
Ги издвојуваме првите 10 од листата со повеќе европски дестинации кои се потценети, а вреди да се посетат:
Пловдив, Бугарија

Улцињ, Црна Гора

Гент, Белгија

Битола, Македонија

Дери, Северна Ирска
