На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода?

„Цената е и повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на „Грчка инфо“. Што мислите каде се наоѓа овој бич бар со вака пристапна понуда? На какви цени наидовте вие годинава?

na-koe-mesto-vo-grcija-na-300km-od-skopje-za-5-evra-dobivate-lezhalka-kafe-krofna-i-voda-01.jpg

Доколку се двоумите за викенд во Грција овој јуни, а сакате да поминете со помалку средства, тогаш Неи Пори е добар избор, особено за оние со деца.

На Фејсбук профилот „Грчка инфо“ осамна информација за цени на лежалки во бич бар во Неи Пори.

И додека на многу места цените на лежалките се многу повисоки годинава, една лежалка 10 евра (без кафе) или ви бараат минимум консумација од 30-50 евра за двајца, цените во Неи Пори уште се како во изминатите години.

na-koe-mesto-vo-grcija-na-300km-od-skopje-za-5-evra-dobivate-lezhalka-kafe-krofna-i-voda-03.jpg

Во еден бич бар се нуди лежалка, кафе, крофна и вода за само 5 евра.

На ова следбениците на профилот „Грчка инфо“, во најголем дел од Србија, на темата дали ова е коректна цена коментираат:

„Повеќе од коректна! Морето е убаво, а односот кон гостите е на многу високо ниво. Минатата година првпат бев во Грција и отсега само таму. Последен пат во Црна Гора бев во 2009 година и оттогаш никогаш повеќе“.

na-koe-mesto-vo-grcija-na-300km-od-skopje-za-5-evra-dobivate-lezhalka-kafe-krofna-i-voda-06.jpg

„Да, супер е, а ако останете цел ден, секогаш ќе нарачате уште нешто за пиење и сите се многу љубезни. Така што сите се задоволни“.

„Кај нас на Ада во Белград оваа цена е четирипати поголема“.

na-koe-mesto-vo-grcija-na-300km-od-skopje-za-5-evra-dobivate-lezhalka-kafe-krofna-i-voda-04_copy_copy_copy.jpg

„Неи Пори, песочна плажа, толку драги луѓе, најубавата црква посветена на Света Марина. Место кое зрачи и изобилува со убавина и позитивна енергија“.

„Ова е навистина евтино“.

„Во Неи Пори одам веќе 17 години (имам 22) и никогаш не ми здосадува. Истата или слична цена на оваа плажа е веќе 5 години. Сум патувала многу и сум видела доста, но секогаш се враќам во Неи Пори и Платамона“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Две лежалки - 12 евра, коктел од 10 евра нагоре: Какви се цените за летување во Црна Гора во 2026-та... Кафе на црногорските плажи чини меѓу 2 и 3 евра, пиво од 3 до 5 евра, но трошоци...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
Листа со цени за лежалки во бич барови на вториот крак во Грција за лето 2026 На рајската плажа Kavourotripes може да користите лежалки само со нарачан пијала...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...
Два модерни бич бара во Паралија се хит за лето 2026 - во едниот треба да потрошите 50 евра за 2 леж... На 275 километри од Скопје се наоѓа Паралија, летувалиште кое многумина го сакаа...

Најчитани неделава