Српски пар со бебе летуваше 27 дена во 7 кампа низ Грција: „Плативме 800€, скоро во сите се доплаќа приклучок за струја“

„Многумина мислат дека луѓето кампуваат за да заштедат, но тоа не е поврзано со пари, и ова често не е најповолниот начин за летување. Во однос на цените, тие се за кампер и за двајца возрасни, а за бебе не се плаќа“, раскажува пар од Србија кој во 35 дена летување, помина 27 дена од нив во кампови на Халкидики.

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-01.jpg

Камперскиот живот станува сè попопуларен, а многу луѓе преферираат да одат на летување во приколка, во камп, наместо во хотел или апартман.

Во нашата блиска околина има голем број кампови, а многу од нив се совршено уредени и нудат беспрекорни услови за летување, па и многу Македонци ги посетуваат, но многу имаат и приколки оставени во камповите кои им стојат таму по цела година.

Во овие кампови летуваат и многу Срби, па така, пар од Србија, со мало бебе, годинава одморот го помина во дел од овие кампови во Грција.

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-05.jpg

Во видеото што го споделија на социјалните мрежи, тие велат дека поминале 35 дена на Халкидики, од кои 27 дена биле во камп, но и дека смениле 7 различни кампа во ова време.

Парот летувал во Грција, на почетокот на сезоната, помеѓу 6 јуни и 4 јули, кога и цените се нешто пониски.

Кои кампови ги посетиле и колку чини еден ден во секој од нив, но и какви услови нудат, тие раскажаа во видеото.

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-06.jpg

„Не ги прикажуваме индивидуалните трошоци, зашто секој има свои потреби и троши различно за храна, пијалаци, во маркети, ресторани, но ни парите дадени за гориво, зашто и потрошувачката е различна кај сите, зависно од дестинацијата, брзината, самиот кампер...

Во некои кампови поминавме повеќе време, некаде само еден, зависно од тоа колку имаше слободно место, колку ни се допаѓаше и какво услови нудеа“, пишува во описот на видеото.

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-02.jpg

Тие кажаа дека за поставување на кампер возилото во камповите платиле вкупно 800 евра за 27 дена, а открија и дека најскапиот камп го чинел 45 евра од ноќ.

Колку платиле за секој камп поодделно?

„Главно бевме на Ситонија.

Знаеме дека многумина мислат дека луѓето кампуваат за да заштедат, но тоа не е поврзано со пари, и ова често не е најповолниот начин за летување.

Во однос на цените, тие се за кампер и за двајца возрасни, а за бебе не се плаќа.

Цените зависат и од периодот во сезоната, бројот на луѓе, дали сте во приколка, шатор или кампер.

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-06_1.jpg

Првиот камп што го посетивме е Арменистис, а цената беше 32,5 евра.

Планиравме да останеме 4, но бевме таму само 2 ноќи.

Вториот камп беше Катарина близу Сикија и таму ноќевањето е 28 евра - останавме 6 дена.

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Две лежалки - 12 евра, коктел од 10 евра нагоре: Какви се цените за летување во Црна Гора во 2026-та... Кафе на црногорските плажи чини меѓу 2 и 3 евра, пиво од 3 до 5 евра, но трошоци...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Србин се жали - кога ќе ја послушаш жена ти да отидеш во Париз во лето на 40˚C, наместо на море: „По... „Како ми е во Париз среде лето?! Супер, гледаш дека сум како луд. Наместо да ода...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...

Најчитани неделава