Српски пар со бебе летуваше 27 дена во 7 кампа низ Грција: „Плативме 800€, скоро во сите се доплаќа приклучок за струја“

По ова отидовме во Јерисос, а бидејќи таму немаше место во кампот, преспавме на паркинг во градот, а следниот ден отидовме во Неос Мармарас, каде што цената во кампот, беше, исто така, 28 евра.

Планиравме да останеме тука 2 до 3 дена, но останавме 7, а потоа се вративме на уште 2 дена.

Ни се допадна што сме во ладовина од четинари, во близина на градот, но уште поблиску до плажата Парадисос.

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-11.jpg

Четвртиот камп што го посетивме беше Ставрос, на плажата Агиа Кириаки, а цената беше 29,5 евра - останавме 4 дена.

Оттаму отидовме во петтиот камп, Иза на плажата Тристини кај Торони.

Планиравме да останеме 5 дена, но останавме само една ноќ.

Цената беше 32 евра. Од овде се вративме во Мармарас...

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-08.jpg

Шестиот камп беше Оелиа кај Неа Мудања и таму сакавме да останеме 4 дена, но останавме само еден. Цената беше 30 евра.

Потоа отидовме во седмиот камп, кој се наоѓа на 4km пред Метаморфозис - Скала вилиџ.

Тој беше и најскапиот камп - дневно се плаќаа 45 евра, и за разлика од другите, тука во цената беше вклучена и струјата, а имавме и вода на парцелата. Останавме 3 дена.

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-09.jpg

Во другите кампови струјата се доплаќа околу 5 евра, но нам не ни требаше зашто имаме соларен систем на камперот.

Вкупно за 27 дена за овие кампови дадовме 800 евра“.

srpski-par-so-bebe-letuvashe-27-dena-vo-7-kampa-niz-grcija-plativme-800-skoro-vo-site-se-doplakja-prikluchok-za-struja-04.jpg

Кликнете и погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Две лежалки - 12 евра, коктел од 10 евра нагоре: Какви се цените за летување во Црна Гора во 2026-та... Кафе на црногорските плажи чини меѓу 2 и 3 евра, пиво од 3 до 5 евра, но трошоци...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Србин се жали - кога ќе ја послушаш жена ти да отидеш во Париз во лето на 40˚C, наместо на море: „По... „Како ми е во Париз среде лето?! Супер, гледаш дека сум како луд. Наместо да ода...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
„Сакав море, блиску до Скопје, а да не чекам со часови на грчка граница - завршив на рајска плажа во... На 306 километри од Скопје, на околу 3 и пол часа возење, си најдов рајска плажа...

Најчитани неделава