Совршени места за меден месец

Не е лесно да се одбере соодветно место за брачно патување. Мечтаете, се советувате, мислите дека знаете што сакате, а кога ќе дојде ред да одберете каде ќе се дои, настанува проблем.

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-01

Затоа, ние се одлучивме да ви помогнеме и за вас избравме неколку дестинации кои се како создадени за брачни патувања.

Нормално, за овие дестинации е потребно како свадбен подарок да сте добиле и повеќе од доволни „подарок во плик“.

Архипелаг Quirimbas, Мозамбик

Архипелагот  е составен од 32 корални атоли кои можете да ги обиколите со старински едреник од арапски тип. На овие прекрасни островчиња, палмите и желките се единствени станари. Замислете само, вие двајца сами на плажа, проѕирна вода и мек песок. Овде може да уживате во специјалитетите од свежа риба, школки и скапо вино.

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-1

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-2

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-3


Tinhare, Бразил

Нешто помалку од 100 км од гардот Салвадор, се наоѓа совршено место за вашиот меден месец. Тоа е островче преполно со палми, прекрасно сонце, овошје а без автомобили и гужви. На плажите можете и да преспиете, додека месечината сјае над вас. Неминовно, тоа ќе бидат најубавите моменти од вашиот живот кои ќе останат запаметени.

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-4

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-5


Honeymoon Island

Ова е лагуна на југот од Тихиот океан. Можете да застанете на островчето Aitutaki и малку да нуркате во магичниот подводен свет. Тука е и песочната плажа по која овој остров го добил името. Нормално, по капењето ве чека сјаен ручек или романтична вечера. Место кое ќе направи да сакате да не се враќате дома.

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-6

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-7

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-8


Островот Ikaria, Грција

Санторини е најпознатото место за брачно патување, кога станува збор за Грција. Ако сакате место каде нема многу луѓе и врева, тогаш Ikaria е како створена а вас. Ова е место каде не можете да се одлучите што е поубаво или поздраво. Ова е место каде заборавате на се останато.

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-9

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-10

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-11


Algonquin, Канада

Ако сакате романтичен меден месец, поминат во дрвена куќарка, додека огнот потпукнува од каминот, а мирис на бор се шири насекаде, тогаш Algonquin е совршено островче за вас. Се наоѓа сред езерото Kawawaymog во Онтарио и достапно е единствено со кану. Ах, зар треба уште нешто да се додаде?

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-12

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-13

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-14


Wilson, Австралија

Овој остров, поточно корален гребен ќе ви понуди сместување во шест шатори, опремени со брачни кревети. Се наоѓа сред национален парк, а познат е по желките кои ги има насекаде и кои ќе ви прават друштво на вжештениот песок. Доволно!

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-15

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-16

sovrseni-mesta-za-meden-mesec-17

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Каде да летувате во Хрватска ако сакате песочни плажи? За Хрватска, првата помисла за плажите најчесто е карпести и камени плажи со кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg