Како да заштедите ова летување?

Времето на одморите се приближува, а со него и грижите околу трошоците кои се неопходни. За да не останете без пари последните денови од одморот, ова се неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да заштедите некој денар.

kako-da-zastedite-ova-letuvanje-01

Додека го планирате патувањето...

Бидете флексибилни
Ако сè уште не сте ја замислиле идеалната дестинација за ова лето, доста пари можете да заштедите доколку се одлучите за место со евтини хотели, такси и храна. За сметка на евтината храна, продолжете си го одморот за неколку ноќевања плус.

Истражувајте ги вонсезонските авантури
Поголем број од дестинациите се половично поевтини надвор од сезоната, па затоа ангажирајте се и побарајте некоја дестинација која може да ја посетите во мај/јуни/септември, наместо во јули или август.

Превоз
Евтините авионски карти лесно може да ги добиете според времето. Раните утрински летови или доцните вечерни се секогаш поевтини. А доколку сте авантуристички тип, тргнете со воз или друго средство што ќе ви заштеди пари, а ќе ви го направи одморот незаборавен.

kako-da-zastedite-ova-letuvanje-02

Кога ќе пристигнете...

Превоз
Користете јавен превоз, бидејќи изнајмувањето на возила или пак возењето со такси ќе ве чинат цело богатство. Изнајмувајте исклучиво кога имате одредена маршута за посета на повеќе знаменитости или плажи.

Телефон
Не активирајте роаминг. За меѓународни разговори секогаш можете да го користите хотелскиот телефон, што е многу поевтино. Распрашајте се и дали има интернет, па наместо да трошите пари на телефон, уклучете се на Скајп на половина час додека одмарате.

Храна
Секогаш трудете се да најдете хотелска соба или апартманско сместување кое покрај спалната соба вклучува и мини кујна. Локалните продавници и маркети често пати се многу поевтини од што мислевте, па затоа прошетајте и згответе вкусна вечера.

Би можело да ве интересира:

Дестинација за есенско бегство: Луковска Бања, на 275km од Скопје - совршена природа и термални изво... Ова е највисоко лоцираната бања во Србија, опкружена со планини, блиску до Копао...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
8 работи што треба да ги знаете за Плитвички Езера пред да ги посетите, според македонски туристички... „Планирајте цел ден да поминете тука, а ако сте само на поминување, најкратката ...
Вирџинија од Скопје воодушевена од Париз: „Се вратив по 15 години, вреди да се качите на Ајфелова ку... На мои 18 години, Париз ми беше првото патување во Европа, без телефони и интерн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg