20-те најубави плажи на прекрасниот остров Крит
11. Trypiti

Долга плажа со ситни камчиња и мирна вода. Магично искуство комбинирано со возењето низ кањонот на Трипити.
12. Agiofarago

Уникатна плажа до која може да стигнете само пешки, половина час одење од најблискиот паркинг. Но, навистина вреди!
13. Kommos

Нудистичка плажа со темен песок и мирно море.
14. Chrissi island

Бисерот на Ierapetra, едно од најубавите чуда во Грција. Тропска клима, тиркизно море и бои кои се прелеваат во најубави нијанси.
15. Agia Fotia

Космополитско место за дружење на младите во Ierapetra.
16. Alona

Сместена во едно од најизолираните местенца на Крит, Xerokambos. Овде времето стои, но може да уживате во мирот и тишината.
17. Vai

Најпопуларната плажа во Источен Крит оградена со уникатни прекрасни палми.
18. Erimoupolis

Тиркизна вода и трагите од предците. Плажата во близина на стариот Itanos ќе ве воодушеви.
19. Voulisma

Егзотичен рај во близина на гратчето Agios Nikolaos. Кога нема бранови, вреди да се ужива токму овде!
20. Kolokytha

Плажата која е навистина прекрасна, има неверојатна природа, но за жал локалните бродосопственици постојано истоваруваат илјадници туристи во текот на денот.
